[:mk]Реагирање[:]

[:mk]

До

Редакцијата на порталот www.ohridsky.com

Реагирање

Пред некое време, на вашиот портал Ohridsky.com, беше објавен вториот дел на една редкацијска “анализа“ во врска со случајот “Монструм“! Во таа “анализа“, меѓу другото, вие сте го напишале и следниот пасус: “ Оваа монструозна акција е припремена два месеци однапред, а за истата се кон

султирани првите луѓе на ДУИ, како и еден дел од првото овезбедување на Реисот кои што беа под директна контрола на советникот за безбедност на Иванов“!

Исламската Верска Заедница смета дека ова вонредно тешко обвинение не само што е неосновано, туку представува конструкција за едно можно сценарио на крвопролевање и целосно дефокусирање од реалните проблеми со кои што се соочува нашето општество.

Отфрлајќи го во потполност овој новинарски текст, јасно зачинет од антиалбанските и антиисламските кругови, ве повикуваме , почитувано уредништво на овој портал,неодложно да наведете имиња и презимиња! Кажете и ги на јавноста имињата и презимињата на тие луѓе од

обезбедувањето на Реисот, кои што, според вас, биле соучесници во тој монструозен чин. Денес, од безбедносни причини,одговорните органи на државата, на Реисул Улема на ИВЗ во РМ, му доделија лично обезбедување, кое што, исто така се чувствува загрозено поради една ваша многу

тешка дезинформација која што се однесува на еден многу сензитивен случај. ИВЗ на РМ е сосема убедена дека во структурите што функционираат во склоп на МВР, сите луѓе што се дел на тие структури се внимателни и чесни луѓе,професионалци што се борат против криминалот и никогаш

не би прифатиле да бидат на иста страна со криминалот и криминалците.

Инаку, во земјата не постои по заинтересирана Институција од ИВЗ, случајот “Монструм“ да добие јасен епилог, да се открие вистината и да се казнат сторителите. За тој процес, ИВЗ е животно заинтересирана. Повелете, почитувана редакцијо, ако имате конкретни факти изнесете ги имињата околу кои што алудирате и не дозволувајте да станете маша на подземните структури што не и посакуваат никакво добро ниту на оваа држава, ниту на ова општество.

Сосема на крај, инсистираме, јавно да побарате извинување за оваа ноторна лага и многу тешко обвинение.

Од Кабинетот на Реисул Улема на ИВЗ во РМ

Муземил Османи

Шеф на Кабинетот[:]

Comments are closed.