Бајрамска порака

Бајрамска порака на Реис Улема Х. Сулејман Еф. Реџепи за 2012 г.
„Да, очистените се спасени и оние кои го споменуваат Аллаховото име и кои се клањаат.„ (Ел-а’ла, 14-15)
resi ul ulema
Почитувани браќа и сестри,
Го испративме највозвишениот Месец во годината, го испративме Месецот на чесниот Куран во кој ние се трудевме да живееме и да изградиме стандарди за нашиот живот и за нашата перспектива.
Единството помеѓу нас, меѓусебното разбирање и меѓуверската толеранција преставуваат многу вредно богатство произлезено од нашата вера и од нашиот народ а кои ги потврдувавме и зајакнувавме во текот на овој благословен Рамазан низ нашите џамии, на други јавни места и посебно преку нашите заеднички ифтари. Ние сме воспитани на секому да му ја пружиме нашата рака за поткрепа, без разлика на која вера или националност му припаѓа. Мирот кој треба да доминира во човештвото не е ни помалку ни повеќе, туку барање кое извира од нашата вера. Толеранцијата, соживотот и меѓусебниот респект се фундаментални принципи и вредности на Исламот без кои не може да се замисли развојот и прогресот на светот.
Во овој празник ги возобновуваме моралните вредности, пријателствата и комшиските односи. Денес сите ние треба да го покажеме нивото на нашата верска култура како и степенот на нашиот морал помагајќи секого и отварајќи ги вратите на нашите куќи за оние кои ни го честитаат празникот.
Почитувани верници,
Во името на Исламската Верска Заедница, како и во свое лично име барам од вас да се солидаризирате со нашите браќа насекаде врз кои се врши насилие и зло и оние кои страдаат во војните од луѓе кои не поседуваат вера и тоа молејќи се за нив да бидат заштитени од милоста на Аллах џ.ш. и никогаш да не бидат од нас заборавени. Денес на некои места во светот некои муслимани се без заштита и без кров над главата. Затоа го молам Аллах џ.ш. нивната состојба и позиција што побргу да се промени на подобро.
Почитувани браќа,
Ви посакувам во овие празнични бајрамски денови да ја изразиме нашата љубов за нашите семесјтва, пријатели и комшии.
Дозволете во името на Исламската Верска Заедница, во името на сите нејзини институции и во мое лично име на Вас браќа верници да ви го честитам Фитр Бајрам со желба во нашиве простори да владеат мирот, хармонијата, љубовта а нашата перспектива да биде поинаква од сегашната.
За многу години Бајрам. Бајрам мубарек олсун.

Comments are closed.