Р Е А К Ц И Ј А

Исламската Верска Заедница ја изразува својата загриженост и осуда на сите настани кои имаат за цел да предизвикуваат расколи, насилие и омраза помеѓу граѓаните врз основа на етничка или верска припадност.

 

Затоа последниот настан кога група на насилници на сред Скопје извршија невидено насилие врз неколку момчиња од никого незаштитени само затоа што меѓусебно комуницирале на турски јазик. Сметаме дека е неопходно потребно сите фактори во општеството да се вклучат почнувајќи од семесјтсвото, училиштата, општествените организации на младите, невладините организации, како и надлежните државни институции во надминување на оваа криза на умот и моралот. Насилието и омразата не треба да се претворат во метод за празнење на сопствените емотивни чувства и решавање на наметнатите прашања и проблеми.

 

Се надеваме дека овој наш апел ќе биде искрено прифатен од сите граѓани во земјава без разлика на нивната етничка и верска припадност и сите видови на насилно делување, заеднички ќе осудиме и заеднички ќе ги делуваме во надминување на оваа негативна енергија.
Реис ул Улема на ИВЗ
Х. Сулејман Еф. Реџепи

Comments are closed.