Раѓањето in vitro на нацијата

sulejman-rexepi-640x396 (1)(Aлах) рече: “Бегај! Тој што ќе те следи тебе, Пеколот ќе му биде награда-една целосна награда. Придобиј ги, со својот глас, тој што можеш од нив! Впушти ги против нив сите коњаници и сета своја пешадија! Учествувај во нивното богатство и нивните деца и ветувај им! –Ветувањата на ѓаволот се воглавно измами. (El Isra, 63-64)

Од Х. Сулејман eф. Реџепи

Се вели дека, пред да биде почувствуван земјотресот од луѓето, први кои го чувствуваат се инсектите, глувците, кртовите, значи, подземните суштества.Сите излегуваат на површина и врие од бегање. Овој феномен, не дека подразбира испраќање информација до луѓето да превземат мерки против земјотресот што наидува, но, едноставно, тоа е животински инстинкт за спас од некоја опасност што им се заканува.

Знаци

На сличен начин се однесуваат и политичарите на Македонија кога и да го почувствуваат ударниот бран за „неочекувани“ парламентарни или локални избори. Тоа е нивна работа, слична на работата на инстинктивната реакција на подземните суштества во праг на земјотреси или природни непогоди. Во оваа ненамерна споредба, сепак, човечки е да се подвлече една разлика: во реакцијата на подземните суштества нема измама, нема цинизам, нема сарказам, нема ѓаволштини, додека реакцијата на надземните во случај на „социо-политичките земјотреси“ е на накој начин, продолжен рефлекс од басната на овчарот и волкот.Првите бегаат од опасноста, вторите, овие од басната, се потсмеваат со опасноста. Едно такво потсмевање е еднакво на самоелиминирање, самоуништување, самоисчезнување!

Нормално, инстинктивните реакции на подзмените суштества се појавуваат и во случај на гигантските градби, гласните ископувања, екот на градежната машинерија. Значи, обидите и ангажирањата за оштета на релјефот, за дебалансирање на нештата, за нарушување на рамнотежата, за дехармонизација на микропросторите, на звуците, на светлината, на сенката, на боите, сите по себе на некој начин се земјотреси.

Слично, и во општествено-политичкиот живот се одвиваат дејствија со катастрофални последици. На развојот на човештвото во својот процес, првенствена поткрепа му беа светите упатствa. Оваа фаза се карактеризира со расцутот на разните цивилизации и култури. Кога овој развој се отцепи од светите упатства и сега кога потпората започна да ја бара исклучително во човечките упатства, тогаш ќе избувне општествениот bing beng- и овој пукот ќе продолжи денес, утре, задутре…

Зошто ја направив оваа предолга претпоставка врз проблематиката која сакав да ја елаборирам! Најверојатно од зашеметеноста на новата авантура за дебалансирачки политики на некои опкружувања на актуелната власт. “Сензорите” кои ни ги проследуваат политичките движења на овие опкружувања ни даваат знак за мобилизација пред да дојде некој ударен бран со непредвидени последици. Неколку

структури на актуелната власт мислат дека, со тоа што завршиле со процесот на создавање на нацијата „антички македонци”, сега се во функција на создавање на заедницата “македонски муслимани” како составен дел на нацијата на “античките”! На крај, сосема на крај, ќе проговори науката и несомнено дека овие „антички македонци” ќе ги изнесе како племе на илирите, на албанските претходници. За жал, славомакедонците ќе останат национално малцинство! Како и да е, ова е проблем на науката.

Раѓањето

Homo politikus-от врвот на својот успех го достигнал кога ги дефинираше семејството-племето-нацијата и, дворот-територијата-државата. Врвот на овој успех беше згнетувањето на анархијата преку инсталирање на демократските правила поткрепени со задолжителна обврска за почитување на правото на живот, на слобода и за самоопределување или самоодлучување. Апсолутно, овие демократски правила многу порано ги среќаваме во основите на исламското право.

Толку едноставно се создава еден етникум, една заедница или една нација? Се создава или се раѓа заедно со сите предизпозиции за да се нарече таков? Иако разните народи извлекуваат од својот скут (круг) поединци и личности кои го уживаат епитетот “татко на нацијата”, сепак овде, поимот “татко” има значење на лидер, на предводник, на водач на војните, во слобода и во реформи, и го нема значењето на брачен субјект, кој учествува во зачнувањето и раѓањето на еден феномен! Врз основа на досегашните научни дефиниции, се гледа јасно дека, нацијата е процес кој произлегува и развива наполно од волјата на Семоќниот Создател. “Луѓе! Плашете се од својот Господ, Кој ве создаде од еден човек, а пак од него ја создаде неговата сопруга, а од нив двајцата создаде многу машки и женски. И имајте страв од Алах, во чие име вие ги барате взаемните права и чувајте ги роднинските врски. Зошто навистина, Алах е постојано Надгледувач над вас..”(En Nisa, 1). Нациите кои останале вон волјата на Создателот, иако со силни водачи, големи, учтиви и храбри, веќе не постојат, преминале во митолошки, легендарни, историски теми.

Од кој било агол на дефинирање на нацијата, било тоа филозофски, политички или идеолошки, гледаме дека нација не може да создава поединец. Ова се забележува и во дефинициите на германскиот филозоф, Immanuel Kant, на познатиот либералист John Stuart Mill, на современиот филозоф Alasdair Maclntyre, на Маркс, Енгелс, но и на Ibn Haldun, дефиниции, кои многу јасно се потпираат на единствената теорија дека сé на земјата е создадено, се создава и ќе се создава само од Севишниот Господ.

Во просториите на поранешен социјалистички блок сеуште се учи дефиницијата за нацијата која „ни доаѓа” од Сталин. Оваа дефиниција ја наоѓаме и во последниот речник на албанскиот јазик, иако според мое мислење, нема по брлијантна дефиницја од таа на Лека Дукаџини кој гласи: “Семејството го сочинуваат членовите на домот; кога ќе се множат тие, се делат во браќа, браќата во поколенија, поколенијата во племиња, племињата во знамиња и сите заедно се собираат во едно пошироко Семејство кое се вика Нација, и имаат една татковина, една крв. еден јазик, и обичаи”.

Освен јазикот кој може да е последица на асимилирачките притисоци, што заедничко би можело да имаат припадниците на торбешчката заедница со славомакедонците или со „античките македонци”! Многу малку се на број, дури може да се избројат низ прсти, тие вистински торбеши кои би прифатиле да се нарекуваат македонци, толку колку што би можело да се најде некој албанец да се нарекува араб поради

муслиманизмот, да се нарекува грк, србин или русин поради христијанството или да се нарекува шпанец, бразилијанец или руандец поради неговата католичка ориентација.

Уште од сам почеток поразени се сите обиди за копирање на верското тројство на албанците, како што се поразени и обидите за достигнување на таа филозофија на албанска меѓуетничка толеранција.

Кога би замолчиле пред овој сатански обид на некои опкружувања на актуелната власт и, кога овие обиди би ги перцептирале како залагање да се копираат албанците и од ова залагање би западнале во летаргија, тогаш би имале голем проблем. Подобро би било проблемот да се раздроби додека е сеуште во фаза на коренско влакно

Проблем

И порано сме имале жалби, кои во последно време се повеќе се множат. Припадниците на торбешката заедница се посетуваат од „вмро-вските мисионери“ и им се нуди работа во администрација во размена со нивниот идентитет во „македонски муслимани”. Имаме информации дека во рамки на министерството за финансии функсионира еден посебен штаб на ВМРО, кој се занимава со лобирање за доброто за создавање и зголемување на заедницата „македонски муслимани“ и, ова лобирање се врши по домовите на торбешите. На ВМРО-ДПМНЕ им треба што поголем број на „македонски муслимани“! Зошто? Се со цел да се придобие оваа заедница за гласови? Вака би размислувале миопските полотичари, или пак оние на кои политиката им е работа за бизнис а не за национално или државно прашање. Овој низок обид се повеќе расте на прагот на предизборните кампањи, затоа што се смета за момент кога најмногу се можни и најлесно остварливи манипулациите. Манипулативните политики не ги интересира тоа како се чувствуваш туку како се декларираш!

Нашите анализи, на ИВЗ како единствена верска институција што има статутарна должност да се заангажира за секој свој член, кажуваат дека позадината на оваа сатанска активност на ВМРО се преведува од збор до збор како залагање за создавање една нова „заедница-нација“, за максимализирање на силата која гарантира владеење и со тоа да државотвори се што му припаѓа на македонската нација. Значи, македонската нација треба да има и македонци муслимани на кои би требало да им припаѓа вакафот кој ќе се постигне преку негово државотворство! Слично како што се државотвори полицијата, војската, банките идр. Исклучително опасна игра. Знаци на катастрофален земјотрес?!

Не знам за другите, но, ние, муслиманите на Македонија, што не сме помалку од еден милион, со никаква цена, со никаков мир, со никаква слобода и толеранција не би се согласиле со заокружување на ѓаволскиот стремеж на овие структури на актуелната власт: со државотворноста на вакафот за доброто на „македонските муслимани”! Нема такви, ниту ќе има некогаш! Може да се најде смао некој администраативец, присилен да размислува за својот задник. Тој што размислува на нација и идеал знае на која страна му е Киблата.

И, “Иблис(Ѓаволот) рече: “Господе мој, бидејќи ме упати во загуба, јас ќе им го разубавувам ним(на луѓето) погрешниот пат на Земјата и сите ќе ги упатам во заблуда, освен твоите искрени следбеници(робови). (Алах)”рече: “Ова е Мојот вистински пат. Навистина, ти нема да имаш моќ над Моите следбеници(робови), освен над изгубените кои ќе те следат тебе.” (El Hixhr, 39-42)

(Авторот е Поглавар на ИВЗ во РМ)

Comments are closed.