Рамазанска Порака од Поглаварот

Рамазанската Порака на Поглаварот на Исламската верска заедница во РМ, Реис-улема Х. Сулејман еф. Реџепи
Бисмилахи Рахмани Рахим
“О верници, пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас за да бидете богобојазливи” (Ал Bекarе: 183)
 reis ul ulema 2
Почитувани верници, браќа и сестри!
Благодарноста му припаѓа на Семоќниот Аллах кој ни ја даде можноста да ги доживуваме вредностите на благословениот месец Рамазан, во кој месец се објави  светата исламска книга, Куранот.
Благословениот месец Рамазан, како месец на Куранот претставува задоволство и  можност за целосна посветеност и подготвеност да му служи на човекот за да ја најде правната вистина, за да ги разбере социјалните вредности, за да ги негува животните стандарди, соживотот, толеранцијата и почитување на разликите.
Драги верници, браќа и сестри!
Овој е месец на солидарност и зближување меѓу себе, месец за помагање на сиромашните и бедните, чии број на оваа категорија на нашето општество, за жал, секој ден е во пораст.
Браќа и сестри
За сите нас нека овој месец биде месец на позитивни промени во сите свери на животот.
И на крај, драги браќа и сестри!
Нека ни биде среќен благословениот месец Рамазан!

Comments are closed.