Пораката на Реисул Улема на ИВЗ на РСМ, х. Сулејма еф Реџепи по повод почетокот на Светиот Месец Рамазан 2019 г.

Драги верници, почитуван муслимански џемат
5 мај 2019 год. е ден на голема радост за сите муслимани во светот кои што, сплотени, го очекуваат почетокот на, за нив, нај саканиот месец Рамазан, светиот месец на ибадетите и постот.
Во сурето Ел Бекаре, ајетот 185, се вели:
“Месецот Рамазан е месец во кој е објавен Куранот како патоказ за луѓето, јаснотии по Показот и Одделувач на вистината од невистината.Па, кој од вас ќе се најде во тој месец, нека пости…“
Но, Светиот Рамазан, не е обично воздржување од храната и пијалоците. Рамазанот е всушност соочување на верникот со крстопатот на животот, моментумот во кој што тој јасно го отфрла злото и застанува на страната на доброто и добрината, прифаќајќи ги како основни принципи на Исламот според кои треба да се води во животот.Светиот Месец Рамазан за секој муслиман е поука што упатува кон искрената почит и љубов за Семоќниот Алах џ.ш.
Во еден хадис, Пејгамберот Мухамед а.с. вели: “ Кога ќе дојде месецот Рамазан, се отвораат портите на Џенетот и се затвараат портите на Џехенемот, а шејтаните се врзуваат во прангии“.
Светиот Месец Рамазан е показателот на нашата верба во Семоќниот Творец, нашата решеност да ги надминеме раздорот, непријателствата и џехенемските безредија.
Пожелувам, сите заедно, со срце и душа, да бидеме со Алах џ.ш. а нашиот пост да биде лесен и прифатен

Comments are closed.