Мудроста и трпението на дело се наши доблести

Ексклузивно интервју со Реисул-Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи

Ексклузивно интервју со Реисул-Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи
Мудроста и трпението на дело се наши доблести
Очекувавме да имаме многу предизвици, но благодарение на Возвишениот Алах, со мудрост, разумност, трпение и стратегија успеавме непречено, без поголеми проблеми да управуваме со големата куќа наречена Исламска Верска Заедница, вели меѓу другото Претседателот на Исламската Верска Заедница на Република Северна Македонија во ексклузивното интервју за „Млада Месечина“. – ИВЗ на РСМ придонесува за формирање на толерантна средина, мир, хуманост, соживот, со напори да се едуцираа широката исламска маса, да не стана жртва на различни струи, како штетни појави не само за општеството туку и за самиот Ислам и муслиманите, свесни дека озлогласените појави како што се екстремизмот и тероризмот немаат ништо заедничко со Исламот и муслиманите. Имаме уште многу работа во иднина – вели Претседателот на ИВЗ.
МЛАДА МЕСЕЧИНА: Веќе направивте близу година и пол на чело на ИВЗ на РСМ. Какви се вашите впечатоци како прв човек на една ваква важна институција?
РЕИСУЛ-УЛЕМА: Да бидам искрен, по природа сум од оние кои никогаш не се жалат, ниту се оправдувам за нешто што не можам да го постигнам. Очекувавме да имаме многу предизвици, но благодарение на Семоќниот Алах, со мудрост, разумност, трпение и стратегија успеавме непречено, без поголеми проблеми да управуваме со големата куќа наречена Исламска Верска Заедница на РСМ. На ова патување имавме вистинска соработка со сите наши соработници, почнувајќи од муфтиите, директорите и раководителите на секторите во Ријасетот, верските службеници и верниците воопшто. Така, денес полека трасираме пат и средина на мисла и слободна волја, но со високо ниво на одговорност на секој во местото каде што дејствува и каде што ја има одговорноста. За време на управувањето се трудевме да создадеме братска, толерантна средина, со соработниците, со вработени, како во Ријасетот, така и во органите и образовните институции. Ваквиот начин на менаџирање, имам впечаток, даде резултати и успеси. Се радуваме на фактот што сите сме свесни дека раководиме со важна институција и единствена надлежна за организирање на исламскиот верски живот. Нашата работа е транспарентна и сите членови на Исламот придонесуваат за тоа.
Кои работни задачи беа приоритетни во раководството на ИВЗ на РСМ во ова време?
Ја презедов задачата на Реисул Улема (Претседател) во многу тешко време: од една страна, во времето на високата појава на озлогласената болест Ковид-19, која бараше високо ниво на организација во преземањето мерки низ верските објекти и пошироко, како во согласност со мерките издадени од СЗО и Министерството за Здравство. Беше тешко, но блогодарение на Севишниот Алах успеавме и дадовме извонреден придонес. Тоа влијаеше да бидеме, како што оценува соодветната сфера, една од највлијателните институции во државата и пошироко.
Второ, во оваа пандемиска криза, финансиската криза полека ни се закануваше на сите нивоа, па беше неопходно сите наши организациски овластувања да ги ставиме во служба на финансиската стабилизација, како и континуитетот на нормалното работење. Убеден сум дека и во оваа област постигнавме стабилност, така што, не само што не ослабевме, туку успеавме да ги префрлиме месечните плати во ФИН и СИУ „Медреса Иса Бег“. Исто така, упативме апел до сите муфтиства на ИВЗ, согласно своите обврски, да се однесуваат одговорно, со цел континуираното организирање на верскиот живот, без последици кои можат да го попречат нашиот пат на верско организирање.
Имаше одредени движења во странство, каде што отворивте пат за информирање и соработка со многу соседни земји и воопшто со светот…
-Вистина. Една од целите на нашата платформа беше да ги отвориме патиштата за соработка со сестринските исламски заедници на Балканот, потоа со Турција и земјите од арапскиот свет. Она што ме охрабри на овој пат е фактот што веднаш по преземањето на раководната функција, пристигнаа честитки од целиот свет – од земјите од регионот, како и од верските институции од арапскиот свет и од Дијанетот на Република Турција. Добивме честитки и од Исламската Светска Лига – РАБИТА, со седиште во Мека, од раководството на најстариот и најпознатиот универзитет Ал Аз`хар во Каиро и многу организации со релевантност од различни земји. Така, за кратко време почнавме да добиваме покани од странски земји. Прво го посетивме Светскиот совет на муслиманските заедници на чело со д-р Алиј ен Нуаумин во Дубаи, ОАЕ, каде што разговаравме за многу работи и искуства кои можат да помогнат за меѓусебна соработка; потоа Дијанетот на Турција, каде што имавме прием на високо ниво под координација на претседателот проф. д-р Али Ербаш, како и други институции, каде што договоривме институционална соработка, со цел размена на искуства и реализација на различни проекти. Посетивме и некои други сестрински заедници: онаа на Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска итн. Со сето ова разговаравме за работата, нашите стратегии, кон заедничките активности, како и за предизвиците со кои се соочуваат нашите заедници и муслиманите воопшто.
Веднаш по вашето пристигнување, седиштето на Исламската Верска Заедница беше преплавено со посетители од земјава и од странство. Како го коментирате ова?
-Исламската Верска Заедница е голема исламска организација во земјава и секако секој настан се следи со големо внимание од внатрешни и надворешни фактори, но и од верниците воопшто. Преплавени посети од сите страни: од амбасадори на Европската Унија, од Амбасадата на САД во Скопје, од Британската Амбасада, од еминентни личности од верскиот, политичкиот, научниот живот итн., како и од многу верници од целата земја… Имавме посети и од арапските земји: прво од Обединетите Арапски Емирати, потоа од Претседателот на Дијанетот на Република Турција, проф. д-р. Али Ербаш. Тоа беше негова прва посета, по што го информиравме за сите наши активности, идни цели, како и тековните проекти, реализирани од институциите на самиот Дијанет на Турција, како што се: Големата џамија во Топанско Поле во Скопје – џамија која ќе биде симбол на Скопје и на сите муслимани на РСМ, како и многу други проекти. Посетата на Генералниот Секретар на Исламската Лига – РАБИТА беше историски настан за ИВЗ на РСМ и за муслиманите воопшто, каде за прв пат, по многу децении, во Исламската Верска Заедница доаѓа толку висок гостин, на кого направивме величенствен прием, со протокол на високо ниво, со средба во Ријасетот на ИВЗ, со прием кај Претседателот на Државата, кај Претседателот на Собранието, средба со претставникот на Македонската Православна Црква, со претставниците на Комисијата за Верски прашања и многу други значајни средби.
На средбата што ја имавме во присуство на сите муфтии и други членови на Ријасетот, разговаравме за многу прашања, како и за тековите на Исламот и муслиманите на Балканот и во светот, каде свое појавување имаше и Генералниот Секретар на РАБИТА, каде што даде многу предлози, особено за напорите што треба да се направат за елиминација на радикализмот и екстремизмот, кои немаат никаква врска со Исламот. Разговаравме и за многу други прашања поврзани со меѓусебната соработка меѓу Исламската Лига и Исламската Верска Заедница на РСМ.
Од големо значење беа средбите со амбасадорите на САД, Велика Британија, Европската Унија и Република Турција, Албанија и Косово, со кои разговаравме за верските текови во РСМ, за верските права во општеството, за предизвиците што се соочуваме овде во нашата земја, како и за многу други прашања. Разбирливо е дека ги кажавме нашите позиции, за нашиот придонес, за ублажувањето на пандемијата на Ковид-19, за нашите постапки согласно сите мерки преземени од Владата на РСМ, како и од други меѓународни фактори. Потоа, придонесот даден од ИВЗ на РСМ во формирањето на толерантна средина, мир, хуманост, соживот и нашите напори да ја едуцираме широката маса да не станат жртви на различни струи, како штетни феномени не само за општеството, туку и за Исламот и муслиманите, свесни дека озлогласените феномени како што се екстремизмот и тероризмот немаат ништо заедничко со Исламот и муслиманите.
Кои се предизвиците со кои се соочувате во моментов?
– Кризите, без разлика дали се економски или политички, низ кои поминува нашето општество, се рефлектираат и во работата на Исламската Верска Заедница. Секако, пандемијата „Ковид-19“, која се прошири низ целиот свет, неизмерно го вознемири и го погоди ИВЗ на РСМ, бидејќи ни наметна обврска да се справиме и со неа. Тоа донесе и економски проблеми, што ни го отежна нормалното работење, бидејќи беше попречена организацијата на извршувањето на хаџот, па беше тешко да се делува во оваа ситуација, но ние со најголема храброст и мудрост влеговме со сите наши потенцијали да дејствуваме, без некои поголеми последици и мислиме дека со мудроста, храброста и истрајноста на сите успеавме без поголеми проблеми да продолжиме со успешна работа во сите исламски верски тела, субјекти и институции. Посебен предизвик е досегашното неакредитирање на СИУ „Медреса Иса Бег“, со нејзините паралелки. Сериозно сме посветени на ова прашање, со сите државни фактори, за во оваа година (2022) еднаш засекогаш да се реши овој проблем и нашето училиште да биде еднакво со сите други средни училишта. Во таа насока, ги извршивме сите програмски подготовки согласно барањата на Министерството и другите институции. Ова прашање стигна и до Собранието, каде треба да се изгласа соодветниот закон, со кој Медресето ќе добие акредитација како и сите други училишта. Значи, се надеваме во новото парламентарно мнозинство дека Законот ќе биде изгласан.
Денационализацијата отсекогаш била сериозен предизвик за ИВЗ на РСМ. До каде стигнавте во оваа важна област за ИВЗ?
-Денационализацијата е областа каде што навистина постигнавме значајни резултати, па така во текот на 2021 година беа вратени значајни објекти како: Безистан, Капан-Хани и Старото кино во Скопје, потоа 24 хектари земјиште на територијата на Гостиварското Муфтиство; враќањето на Зелената Чаршија во управата на Кичевското Муфтиство; како и многу други имоти во Битола и на други места. Поради оваа причина, 2021 година ја именувавме како „година на денационализација“.
Вложуваме напори да продолжат постапките за денационализација и да се вратат што е можно повеќе имоти-вакафи национализирани од монистичкиот систем.
Вие лично во Извештајот на Европската Комисија добивте посебна благодарност и пофалба за придонесот во овој период, како Претседател на ИВЗ на РСМ. Како го оценувате ова?
-Точно е дека во Генералниот извештај на Европската Комисија нашата работа на полето на борбата против Ковид-19 беше поздравена и ценета и во придонесот даден за унапредување на меѓуверскиот дијалог во РСМ. Впрочем, вклучувањето против злото е религиозна и морална обврска. Точно е дека како Заедница, секогаш, па и сега, сме биле максимално ангажирани во нашиот придонес на различни полиња, особено во бескомпромисната борба против Ковид-19, каде со нашата посветеност на целата територија на Северна Македонија сите муфтиства, со нивните џамии, постапуваа на единствен начин, во согласност со одлуките што ги носевме на нашите состаноци.
Нашите јавни изјави го направија нашето влијание многу видливо во општеството и тоа го забележаа сите релевантни фактори, внатрешни и меѓународни. Благодарноста кон нас беше резултат на ова. Оваа благодарност е за сите нас, бидејќи во оваа активност сите бевме единствени, почнувајќи од врвот на нашата хиерархија, до нашите верници и џемаати. Овде сакам уште еднаш да нагласам дека имаме прекрасен џемаат, односно муслиманското население на нашата земја е население со хуман, толерантен, соживотен и солидарен дух. Затоа, благодарноста на Европската комисија ја сметам пред се како благодарност за нашите џемаати и благодарност за сите верски претставници во нашата земја.
Ќе продолжиме да бидеме уште поконструктивни во согласност со принципите на Исламот и општите вредности од каде и да доаѓаат. Ние сме мултинационално и мултиконфесионално општество, затоа соживотот е неопходност и сметаме дека Верските заедници се елемент со големо влијание на полето на разбирањето, мирот, толеранцијата, зближувањето меѓу себе итн. и затоа баравме на меѓуверскиот дијалог да му се даде посебно значење и верските заедници да бидат единствени во основните прашања на општеството, бидејќи целото наше општество е религиозно, од различни конфесии.
Дали има нешто што го загрижува Поглаварот на ИВЗ?
Нормално, во ова тешко време во разни сфери, има моменти кои го вознимируваат човекот, кој и да е. Она што сите нас не загрижува е заминувањето на нашето население, особено на помладата генерација од татковината на Запад. За нас оваа појава е штетна за нашиот народ и празнината на државата ќе и наштети на иднината на нашето битие. За жал, за кратко време ние како општество доживеавме две шокантни трагедии: пожарот на модуларната болница во Тетово каде животот го загубија 14 наши сограѓани и автобуската несреќа во Бугарија каде 45 наши сограѓани ги загубија животите.
Беше тешко да се доживеат овие тажни настани. Но, ја имавме моќта на верата и се трудевме да бидеме што е можно поблиску до семејствата на жртвите во тие тешки случаи, да помогнеме во ублажување на болката и претрпените загуби. Исламската Верска Заедница со своите можности придонесе за организирање на погребот на жртвите, како и преку материјална помош, со цел да се солидаризира со семејствата на загинатите. Во оваа прилика апелираме до сите релевантни фактори од политичкиот и општествениот живот, како и до сите институции, да дејствуваат максимално посветено во подигање на совеста, грижата, професионалноста, за да не ни се повторуваат вакви трагедии.
Кои се вашите планови за во иднина?
-Како институција со голема одговорност во организирањето на исламскиот верски живот и следната година со висока свест ќе пристапиме кон работите почнувајќи од највисоките органи до советите на џамиите. За тоа помага и тоа што годинава се одржаа изборите на колективните тела, па во органите на ИВЗ имаме нови луѓе, со нов ентузијазам и визија. Подготвени сме да и претходиме на секоја иницијатива што има врска со развојот на нашиот верски живот. Во спротивно, нашите приоритети за во иднина ќе бидат следните: продолжување на финансиската стабилност, како многу важно прашање во ова време на економска криза и болеста Ковид-19 во општеството и пошироко; заштита и подобрување на стандардот на верските службеници – каде што е навистина низок; отпочнување со работа на Институтот за Исламски научни и културни истражувања, чиешто основање го одобри Ријасетот на ИВЗ на РСМ, кој по отворањето на Архивот ќе биде уште еден важен настан; почеток на објавување на научно списание, каде што ќе пристапиме кон различни прашања од современите струи; веќе најавивме формирање на Одделот за жената муслиманка, со цел подобро организирање на женскиот род, како рамноправен сегмент во сите сфери на Исламскиот живот; најинтензивен почеток на реализација на Проектот на новото седиште на ИВЗ, за формирање на поудобни услови за работа; организирање на научни конференции од локален и меѓународен карактер за актуелни прашања; подигање на нивото на исламското учење во нашите училишта, како основа за едукација на помладите генерации; продолжување со ист интензитет на полето на денационализацијата, процес кој се уште не е дојден до својата финализирање; интензивирање на ангажманот на полето на инкорпорирање на верските вредности во затворите, болничките центри, воените касарни и сл.; зајакнување на организацијата на нашите сонародници во земјите на Запад, кои се составен дел од народот, во соработка со нивните тамошни унии кои се надлежни низ цела Европа; продолжување на конструктивната соработка со сите исламски заедници на Балканот, Дијанетот на Турција, Исламската лига – РАБИТА, Светскиот совет на муслиманските заедници со седиште во Абу Даби, ОАЕ и со многу други земји во светот; Продолжување на соработката со релевантните актери на ЕУ, САД и други актери за да придонесеме за презентација на исламските вредности, како што се мирот, разбирањето, меѓуверскиот дијалог и многу други сегменти.
Конечно, која е вашата порака до верниците воопшто?

-Припадниците на исламот се клучниот фактор во рамките на Исламската Верска Заедница и ние им пристапуваме со големо внимание, почит и одговорност. Тие се главните носители во развојот на Исламот. Ние ќе бидеме на нивна услуга во секое време; во радост и во неволја. На крајот на краиштата, ние постоиме за да бидеме во нивна служба. Посакувам да бидат единствени, обединети, блиски еден до друг, обучени во различни сфери, да бидат свесни за времето во кое живееме, да бидат цврсти во совладувањето на предизвиците, за да бидат вистински носители на Исламот во времето и просторот. Го молам Семоќниот Алах да ни даде сила на верата, на добро размислување, постапувајќи во согласност со принципите на Чесниот Куран. АЛАХ ДА НЕ БЛАГОСЛОВИ СО СВОИТЕ ДОБРИНИ!

Интервјуто е спроведено од: екипата на „Млада Меџечина “.

Comments are closed.