Демант

Untitled-6
До: Дневниот весник Утрински Весник
Во вашиот весник беше поместен текст под наслов ” Дали Исламот е дискиминиран” од вашата новинарка Билјана Јовановска во бројот 3511, Сабота- Недела 19-20.02.2011 год.
Вашата новинарка настојува со свој текст да води јавна расправа со само дел на претходно објавеното соопштение на Ријасетот на Исламска Верска Заедница во врска со настаните на Скопското кале предизвикани со мистериозната изградба на црква на археолошкиот заштитен простор, а која наводно ќе служи за изложување на артефакти на православниот период. Се знае дека за оваа намена предвидено е да се гради музеј на сегашната локација на ресторанот
Кале, со што ”  возобновувањето ” на црквата ќе добие вистинска намена.
Новинарката изнесува статистички податоци за бројот на цркви и џамии на Скопскотот подрачје со тенденција да покаже дека има повеќе џамии од колку цркви. Дефинитивно таа е во заблуда меѓу тоа жално е што во заблуда ја става и целокупната јавност изнесувајќи неточни податоци и ако во соопштението на Ријасетот на ИВЗ вакви податоци не се спомнуваат.  Скопје претсавувал важен културен, стопнаски, историски и верски центар повеќе од пет векови. Самото градско подрачје без околината поседувало до балканските војни повеќе од стотина џамии. За илустрација само од крајот на првата светска војн па до денес во Скопје се порушени преку седумдесет џамии, од кои преку триесет и пет од времето на воспоставување  на Р. Македонија од 1944 год., меѓу кои и познатите културно-историски споменици како што е Хаџи Касам џамија, Југурѓилер џамија, и врв на ароганцијата претсатвува рушењето на Јелен Капан џамијата врз чии темели се изгради судската палата, Домот на правдата на Р.М, постои врз насилното рушење на овој велелебен историски споменик.
Заради правилно информирање на јавноста уште еднаш потврдуваме дека Филхармонијата се гради на дел од вакуфскиот имот ” Ибни Пајко” кој не е спорен. Владата сака да не обесштети со парични средства ние не се согласуваме и затоа овој предмет е на Управниот суд. Што значи се гради без претходно имотно-правно расчистување на локацијата, и заради тоа ИВЗ нема никаков договор со никого а најмалку со Владата.
Барањето на ИВЗ за добивање на локација на кое ќе биде изградено новото седиште на Ријасетот на ИВЗ и неговите служби со резиденцијален дел е многу многу години порано од започнувањето на градбата на Филхармонијата, кое сеуште е во тек и се надеваме дека конечно ќе заврши во скоро време, меѓутоа никако како компензација за вакуфскиот имот Ибни Пајко за кои се води засебна постапка. Градбите на џамии во Р.Македонија исклучиво се градат со донирани средстава на верниците а во последно време и со подршка на муслиманските бизнисмени од нашата држава. Донациите надвор од овие структури се сосема беззначајни. Познато е дека владата на Лупчо Георгиевски изгради верски комлекс на одредена верска заедница од буџетски средства кој чинеше повеќе од милион евра, а исто така започна да се гради огромен симбол на одредена вера со милионски средстав на тогашните влади како и на оваа сегашната. Со сигурност тврдиме дека милионски евра не се потрошени за градба на џамии или други потреби на ИВЗ. Јени џамија во Битола владина институција ја преименува со име Свети Џорџија во својот јавен документ додека пак Хусамедин Пашина џамија во Штип, Министерството на Финанси ја продава на Брегалничката епархија а со која ние и ден денес располагаме и во неа вршиме верски обреди. Свесно се држи Чаршиската џамија во Прилеп како небулозен спомен од осветничкото насилие на толпа во 2001 год. врз неа и врз муслиманското малцинство во градот. Верските објекти кои беа порушени во конфликтните подрачја беа санирани со различни средстав од различни извори вклучително и на Мин. за Култура додека пак џамијата во Прилеп, останува како лош спомен, а пак оштетените џамии во липковскиот крај и тетовското подрачје верниците ги санираа со сопствени доброволни прилози. Во овој контекст можеме да редиме примери и примери за различниот третман на Исламот и исламската култура во нашата земја.
Во соопштението Ријасетот на ИВЗ изрази жалење за настанот на Скопското кале го осуди насилството како средство за решавање на проблеми и побара сите да се вратиме на разумот и достоинствено да реагираме се со цел да се одржи мирот и спокојството на граѓаните.
Секторот за Односи со јавност при ИВЗ

Comments are closed.