Антиисламски графити во ѕидовите на Исак Џамија

Ноќта помеѓу 30 и 31 јануари 2012 г., од непознати сторители ѕидовите на Исак џамија повторно се скрнавени, односно испишани со веќе познати антисиламски и антиалбански графити како: Смрт за шиптари, крстови и слично.
По овој повод муфтиството на ИВЗ на РМ – Битола, благовремено ги информираше надлежните за ваквите пишани графити во ѕидовите на џамијата, и истовремено испрати писмо до СВР Битола која гласи: “ Почитувани, муфтиството на ИВЗ на РМ – Битола пријавува настан, односно перманентно е на удар на вакви настани, а за кои вашата институција е добро запозната, бидејќи ова е еден од многуте настани кои ние секогаш ги пријавуваме, меѓутоа секогаш се повторуваат, а од вашата институција никогаш немеме добиено повратна информација, дали е нешто превземено и што е превземено, а сметаме дека ако ништо повеќе, требало да покрените прекршочна или кривична пријава за непознат сторител.
aktuale_xhamia_805623101
Почитувани, ве известуваме дека муфтиството на ИВЗ на РМ – Битола, за овај и сите други настани, до јавниот обвинител ќе поднесе кривична пријава,
Вака гласаше писмото испратено до СВР Битола, потпишана од страна на Муфтија на Муфтиството на ИВЗ- Битола, Плуми ВЕЛИУ

Comments are closed.