“ И кој е поголем зулумќар од оној кој забранува да се споменува во храмовите на Аллах името Негово и кoј се труди нив да ги руши? Само со страхопочит таквите треба да влегуваат во нив. На овој свет за нив има понижување, а на оној свет казна голема.”( Куран, ал- Бакаре, 114)
Скоро 13 години за ниски причини не се дозволува реизградба на Чарши Џамија во Прилеп. Таа за жал така како што е сега не претставува ништо друго освен лош имиџ на оваа држава кој заради една радикална група не креираше услови за да се реизгради. Локалните и централните авторитети дозволија една радикална група да се позиционира над законот, без сомнение дека ова ствара револт кај сите верници муслимани, но и пошироката јавност со чиста совест, кои не сакаат нивната земја да се спомне за лоши искуства во меѓународната сцена. За жал, државните институции не ја имаат оваа тага и токму заради тоа досега ништо не направија. Законите на државата како да не постојат, лицата кои ја запалија џамијата никогаш не се казнија, ниту тие кои во спротивност со законите беа пречка на реизградбата на Џамијата! ИВЗ на РМ со години се ангажира да го реши овој проблем преку реизградба на џамијата, се занимава со суштината на проблемот, додека сега, медиуми, аналисти, функционери, совиновници сите докажаа подготвеност да се занимаваат со последиците. Срамот во овој случај е над сите тие кои немаат храброст да се соочат со суштината на проблемот- реизградбата на еден објект кој е под заштита на законот, и на овој начин да работат за еден многу подобар имиџ за Македонија.
Реис ул Улема на ИВЗ преку социјалната мрежа ФБ на неговиот профил ништо не рекол во спротивност на цитатот на Куранот. “ И кој е поголем зулумќар од оној кој забранува да се споменува во храмовите на Аллах името Негово и кoј се труди нив да ги руши? Само со страхопочит таквите треба да влегуваат во нив. На овој свет за нив има понижување, а на оној свет казна голема.”( Куран, ал- Бакаре, 114) Тој и сите вработени во Исламска Верска Заедница во континуитет ги советуваат своите верници и целокупната јавност да имаат претпазливост кога се во прашање верските објекти, затоа што уништувачите на тие верски објекти ако се толерираат од законите на овосветските системи, казната доаѓа од страна на Господ.
ИВЗ на РМ нема и не може да профитира од смртта на ниту еден, но таа и нејзиниот Реис ул Улема им се обраќаат на живите души за да имаат храброст и да и дадат живот на Прилепската Чарши Џамија. Само животот на Џамијата на еден начин ќе ги амнестираше злонамерците и истовремено ќе беше една многу голема и јасна порака дека навистина ние сме за еден многу подобар имиџ за државата и работиме за да има меѓуверска и меѓуетничка хармонија.
Comments are closed.