Ние верските лидери-поглавари на црквите и верските заедници во РМ, денес на заедничката тековна средба, одржана во седиштето на Исламската Верска Заедница, а водени од потребата за понатамошно зајакнување на меѓусебните односи и заедничкото функционирање во општеството, разгледувавме повеќе прашања на различни теми со кои во своето секојдневно работење се соочуваат верските заедници, свештените лица и верските службеници.
Меѓу другото, соочени со последните немили настани кои ги поттикна Вевчанскиот Карневал како протестите во Струга, палењето на црквите во Лабуништа и Мала Речица, графитите со навредлива содржина по џамите и црквите и уништување на верските симболи, ние лидерите на верските заедници апелираме до севкупната наша јавност да престанат сите видови на меѓусебно навредување и омаловажување по верска и национална основа, да престанат обесчествувањата на верските објекти, било да се работи од страна на физички или правни лица.
Република Македонија е наша заедничка држава и должни сме сите заедно да ја чуваме и да го одржуваме мирот и спокојството, меѓусебно да се уважуваме, религиозните и етничките посебности да ги почитуваме и во таа насока се надеваме на Божјата помош.
Next Post
Comments are closed.