Р Е А К Ц И Ј А

До: Претседателот на Влада на РМ, г. Никола Груевски
До: Министерот за Транспорт и врски, г. Миле Јанакиевски
До: Градоначалникот на Град Скопје, г. Коце Трајановски
До: Градоначалникот на Општина Центар, г. Владимир Тодорович
Вчера со големо изненадување и жал добивме информација преку елетронските средства за информирање дека Министерството за транпорт и врски и Општина Центар, на грчкиот бизнисмен Кондоминас му дале одобрение за градба на Офицерскиот Дом на плоштадот на Градот Скопје, врз темелите на повеќевековната Бурмали Џамија.
Во повеќе наврати писмено и усмено сме ги обавестиле државниот врв на РМ, надлежното министерство и Општина Центар, и од нив сме побарале да дозволат возобнување на Бурмали Џамијата како основноположник при оформувањето на денешниот централен Плоштад на градот Скопје. Истовремено децидно и јасно сме истакнале дека не се согласуваме поточно, муслиманите на градот Скопје и на целата државата не се согласуваат на локацијата на порушената Бурмали Џамија повторно да се изгради Офицерскиот Дом, кој претставува милитантен споменик за српскиот окупатор.
Очигледно Вашата Влада вопшто не ги разбира верските чуства на муслиманите во РМ. Еднаш тоа место согласно исламските прописи беше обесчестено со изградбата на Офицерскиот Дом по рушењето на Бурмали Џамијата. Меѓутоа, Вие денес свесно повторно ја повредувате светоста на исламскиот простор и повторно вашите сограѓани ги повредувате а нивната вера и верски чуства ги обесчествувате.
Со овој наш писмен допис сериозно ве предупредуваме доколку постои било каква градба врз темелите на Бурмали Џамија, последиците од Вашиот нечовечки однос ќе ги сносите Вие кој донесувате таква одлука во време кое е мошне чуствително за меѓуетничките и меѓу кофесионалните односи.
Се надеваме дека разумот ќе надвладе и ќе ја прекинете ова ѓаволска игра.
Со почит, 
Исламска Верска Заедница 
Реис Ул Улема Сулејман еф Реџепи

Comments are closed.