Реакција на Вевчанскиот карневал
Исламска Верска Заедница во РМ, се чувствува длабоко повредена со понижувањето на Исламската вера на Вевчанскиот карневал, како и исмејувањето на возвишениот Куран, кој е подарок од Творецот на световите, за човешвото и кој претставува патоказ за сите муслимани во Светот.
Загрижени сме за жал, што последниве денови во Македонија, исламофобијата често пати е комбинирана со Владина пропаганда, како што е случајот со Вевчанскиот карневал, каде што Владата на Македонија секоја година за овој фестивал доделува 50 илјади евра од парите на сите граѓани, вклучувајќи ги и парите на муслиманите.
Уште повеќе состојбата се усложнува со учество на високи владини функционери, како што е министерката за Култура, пратениците од позицијата и опозицијата и претседателот на Општина Вевчани.
Државното водство го премолчи и омаложувањето на албанците и турците во Ниш и Белград, за време на Европскиот шампионат во ракомет 2012, каде што членовите на македонската репрезентација и нивните навивачи, кој што отидоа на место на настанот со пари и на албанците и на турците, извикуваа и пеаа рацистички, антиалбански и антитурски песни.
Секој закон, верската омраза и верското омаловажување ако не претставува дел од слободно изразување, претставува во овој случај непријателство против друго лице.
Културниот фанатизам било од која страна да доаѓа, а кој излегува надвор од споменатите норми на добронамерно однесување, придонесува за продлабочување на омразата меѓу граѓаните.
Затоа бараме, подигање на кривична пријава врз основа на Уставот и законите во Македонија, за сите оние кои ги повредија чуствата на муслиманите. Во спротивно ке сметаме дека и државниот врв е подржувач на ваквото организирано однесување.
Во овој случај ги повикуваме муслиманите да не подпаднат под влијание на потикнувачите и провокаторите со цел да му наштетат на Исламот, да и наштетат на нашата европска иднина и на мирот во целина.
Однесувањето на муслиманите треба да биде воздржано, нашето верување не ни дозволува на оние кој не напаѓат да им возвратиме со иста мера.
Prev Post
Next Post
Comments are closed.