[dropcap]
Исламска Верска Заедница на Македоинија ја информира широката јавност дека ќе ја бојкотира светската конференција за меѓуверски и меѓу културен дијалог 2013, која ќе се одржи на 10-12 мај во Скопје и Охрид , и која се организира од страна на Владата и Министерството за Култура на Р.М.
ИВЗ има безброј причини да му одговори НЕ на оваа конференција, која претставува само лицемерие на посебен начин, затоа што во Македонија може да има се и сешто но не и меѓуверски и меѓукултурен дијалог меѓу заедниците кои живееат и делуваат во Македонија.
Во последно време повеќе од било кога имавме известено дека и на трпението му доаѓа крајот, и не можеме да чекаме повеќе за да се решат прашањата акумулирани со години како што се Чарши џамија во Прилеп, џамијата во Лажец, крстовите над саат кулите во Прилеп и Битола, враќањето на национализираниот имот на ИВЗ, не доделување на земјиштето за изграДба на Исламски Центар во Скопје, исклучување на исламскиот елемент од центарот на Скопје со проектот Скопје 2014 и многу други. За жал ниту еднаш владата не се искажа сериозен да ги слуша нашите барања со години.
И во 2010 год, во времето на одржувањето на светската конференција во Охрид, ИВЗ известуваше бојкотирање на таа конференција од следниве причини и барања:
1. Реизградба на Чарши џамија во Прилеп,
2. Изградба на џамијата во Лажец- Битола,
3. Доделување на една локација за резиденција и културен центар за ИВЗ,
4. Употребување на албанскиот јазик во Конференција, единствената точка која беше исполнета во 2010, додека за оваа година не сме сигурни.
Прво прашање- Реизградба на Чарши џамија во Прилеп
За овие барања и посебно за Чарши џамија во Прилеп се потпиша меморандум за разбирање меѓу ИВЗ и Државните институции на 05.05.2010 год, кој меморандум се потпишаа со посредништво на Америчката Амбасада во Скопје, со неговата екселенција, г. Филип Рикер. Овој меморандум, беше главната причина за нашето учество во конференција, со надеж дека сите барања на ИВЗ ќе почнат да се реализират завршувањето на светската конференција. На 29.07.2010 потпишавме соработка за донација за санација, конзервација и реставрација на запалената џамија во Прилеп, со што во буџетот на државата, ИВЗ донираше 2 милиони денари, додека другиот дел од стредставата требаше да ги реализира односнбо обезбеди Министерството за Култура. Од тогаш до ден денес не е реализирано ништо во тој правец. Чарши џамија во Прилеп останува да биде жив сведок за класичната дискриминација која се прави во Македонија. Ние како ИВЗ, секогаш сме биле за дијалог и спремни за решавање на спорови односно прашања на демократски начин, но Владата добро разбирањето ја имало само на декларативен начин и до денес не е превземено ништо за решавање на проблемите на сериозен начин.
Второ прашање- џамијата во Лажец- Битола
Барањето за џамија во село Лажец датира со децении, но да не се враќаме толку назад, да почнеме од 2008 год, каде во една средба меѓу претставниците на ИВЗ и државните институции. ИВЗ за да добие дозвола за иградба на џамијата во Лажец направи голема грешка зато што се согласи во своето земјиште , во центарот на селото да се гради и црква со истите димензии како и џамијата. Но православните македонци отидоа дури таму за да кажа не за џамија, одбија и црква. Повторно ИВЗ покажа потготвеност за меѓуверите и меѓукултурите дијалог меѓу заедниците каде во 2010 год се согласи да ја дислоцира земјиштето на џамијата и од центарот на селото да се гради во блискост на селото. Меѓу тоа и оваа одлука на ИВЗ не се прифати од страна на државните институции и денес во мај 2013 година сеуште не е
фрлен каментемелник на оваа џамија иако целосната документација поминало низ сите фази, но само пречка претставува општината на Битола која не дава дозвола за почнување на изградбата.
Трето прашање- доделување на резиденцијална локација и исламски центар за ИВЗ
Без разлика на фактите дека другите верски заедници уживаат привилеги од страна на државата која подразбира дека повторно државата освен што им го враќал имотот на МПЦ, Католичка Црква, еврејската Зедница, на нив повторно им обезбедил место за резиденција. ИВЗ и низ оваа гледна точка е дискриминирана. Барањето за осигурување на една локација за резиденција и исламски центар во Калето на Скопје, датире со години, но исто така ИВЗ има направено и многу трошоци за обезбедување на потребната документација и за промената на деталниот урбанистички план за тој дел. Меѓутоа Министерството за транспорт и Верски за причините кој знае само министерот Миле Јанакиевски, сеусште не отвара тендер за добивање на земјиштето и започнување на работите од старана на ИВЗ.
ИВЗ како учесник на Светската конференција за меѓуверски и меѓукултурен дијалог како во 2007 така и во 2010 год имам потпишано општа Декларација каде меѓу другото се бара: “ каде сите учесници се задолжени да го форсираат меѓуверскиот дијалог, промовирајќи толеранција и соживот и дека ќе прават напор над секој предрасуди, нетолерантнос и дискриминација “ ( цитат од Декларацијата)
На место на реализирање на заедничките програми, ИВЗ секој ден се соочува со државната политика која што повеќе произведува дискриминација, неможност за реализација на цели, флагрантно кршење на човековите и верските права, понижување и многу други незадоволства. Поради тоа соочувајќи се со едно екстремно незнаење за нашите барањата од страна на владата и државните институции, ќе беше една манипулација со верниците муслимани ако ние продолжуваме да објавуваме верски и религиозен дијалог во Скопје и Охрид кој трае 2 дена, додека другите 363 дена сме приморани да се бориме против класичната дискриминација, игнорирање и
понижувањето према највисоката исламска верска институција во Македонија. Јавно кажуваме: Доста беќе!
За нашиот став и чекор во последно време повеќе пати сме ги информирале домашните интитуции, како и амбасадите и канцелариите на меѓународниот фактор. Од сите фактори сме барале да седнеме и заеднички да решаваме проблемите со кои се соочува ИВЗ. Ако некој во овој момент се зачудува од овој наш чекор, тогаш тој сигурно е еден актер кој игра залудна улога во овој дискриминаторски театар.
На крајот апелираме до сите Исламски верски Заедници во Светот, разните други исламски центри, невладините организации, универзитети и индивдуални личности кои се повикани од страна на Министерството за Култура за учество на ова конференција само зато што се муслимани, да се солидаризираат со нас и да и кажуваат НЕ на оние кои го газат достоинството на муслиманите и Исламот.
[/dropcap]
Comments are closed.