“Вие што поверувавте! Избегнувајте многу сомневања, затоа што, навистина некои сомнежи се грев. Не шпиунирајте се и не прислушкувајте се еден со друг! Да не сака некој од вас да го изеде месото на својот умрен брат?! Сигурно дека вие го презирате тоа! Имајте страв од Аллах …” (El-Huxhurat, 12)
Од Хаџи ефенди Сулејман Реџепи
Деновиве, граѓаните на Македонија се обземени од еден страшен кошмар. Потресена е и пошироката јавност, меѓународниот фактор. “Бомбите” на Заев како и “Пучот”на Груевски, два случаја, кои можат да го закопат датумот на Македонија. Нормално, до овој момент, поголемиот дел на граѓаните од земјата, покажуваат висока граѓанска одмереност и, одбиваат да бидат мета ма партиски сценарија, иако, рака на срце, живо се заинтересирани да знаат во детаљи што сé се прислушкувало од „Гоелмиот Брат”! Нормално, овој “Брат” има прислушкувано, и, и понатаму сé ќе прислушкува! Не дека има потреба од тоа но, едноставно, ова е неговата најпретпочитана метода за да ја докаже моќта и силата врз граѓаните на една земја, особено врз „непослушните“, врз “нелојалните”, врз “бунтовниците против власта”! Оваа намера (значи, прислушкувањето не како чин сам по себе) изгледа како да е најстрахотната, бидејќи поттикнува на комунизам, тоталитаризам, партиски расизам.
Што значи прислушкување во контекст на кривична постапка?! Како го дефинира меѓународното право оваа појава и кој е ставот на исламот за прислушкувањето како клуч на озборувањето?
Во Благородниот Куран се вели: “ И седеа покрај него, во прикладни места за да слушнат нешто, но тој што сега прислушкува, ќе наиде на огнени стрелки во заседа. (El-Xhinn, 9) Несомнено, овој ајет од Куранот потврдува дека прислушкуваниот секогаш ја ужива заштитата на својот Создател. А тие што прислушкуваат? Само Семоќниот Аллах може да ги помилува!
Во правен контекст прислушкувањето е средство за истражување на докази! Значи, преку прислушкувањето соодветните органи се обидуваат да ги разоткријат делата и кривичните постапки на одредена личност, на една група, на една криминална, терористичка организираност, или, едноставно, на еден субјект опасен за општеството и државата, набљудувани веќе подолго време. Во овој случај, прислушкувањето се врши со посебно одобрение од истражните органи. Покрај приватно извршените прислушкувања кои не може да се користат како доказ, исто така, ни прислушкувањата извршени со посебно одобрение од соодветните органи не претставуваат никаков правен доказ, бидејќи не се опфатени во правните докази, туку, во средствата за истражување на доказите.
Оттука, се поставува прашањето: кого прислушкуваа обвинетите од СДСМ (Никола Груевски и Сашо Мијалков, обвинетата двојка од македонската опозиција за прислушкување) зошто прислушкуваа? Зошто прислушкуваа над 20 илјади лица? Македонија била ризикувана од 20 илјади криминалци, терористи, бандити, пучисти, разурнувачи на демократските вредности? Само овие квалификувања можат да ја правдат прислушкуваноста, во спротивно, се потврдува констатацијата дека се работи за психопатски чин!
Лидерот на македонската опозиција во повеќе наврати има подвлечено дека цел на прислушкување била и ИВЗ на РМ, односно, функционерите на оваа највисока верска институција! Се прашувам: како изгледаме пред очите на оваа двојка обвинета од македонската опозиција? Која е причината што ги принудила да не следат! Каква опасност претставува ИВЗ за Република Македонија и за граѓаните немуслимани? Или едноставно, целта била да се шири паника дека муслиманите од земјата се поттикнувачи на меѓуетничката омраза, слично како што деновиве беа објавени резултати од една спорведена анкета од страна на двајца македонски професори (според оваа анкета, над дваесет проценти од анкетираните македонци се убедени дека во земјата се практикува поттикот на меѓуверска омраза, додека нула проценти од албанците го споделуваат исто мислење).
За миг да застанеме, и да претпоставиме дека прислушкувањето во Македонија се извршило (може уште се врши?!) како предупредувачка мерка против “една опасна појава за кое имало навестувања од некои претходни информации”! Кој бил резултатот на овие прислушкувања ! Каква опасност претставува разговорот на еден политичар со своето 5-6 годишно дете? Каква опасност може да претставува интимниот разговор на еден политичар со својата сопруга или со некоја лубовница? Каква опасност може да претставува интимниот разговор на сопружниците во кревет пред спиење? На крајот на краиштата, каква опасност може да претставува разговорот на најблиските соработници на водачите на власта? Јасно дека, во случај кога средството за доказ, значи, прислушкувањето, не го постигнува законскиот успех над некоја скриена појава како потенцијална опасност за општеството, туку, достигнува загрозување на основните права на човекот, тогаш, се работи за владино средство за подигнување на механизам на притисок и страв над секој што не се потчинува на желбите на „Големиот Брат“. Во случајов, ова е криминал, и испред овој криминал отпаѓаат сите обвинувања за „пуч“ или за соработка со меѓународните тајни служби. Комуникацијата преку телефонирања или преписка е човечко делување преку кое луѓето одржуваат љубовни врски, професионални, семејни, бизнис, соработка меѓу себе. Тоа е природно право што се раѓа со самиот човек и, вмешаноста без причина во ова право е противчовечки чин, неопростлив криминал. Тие што опростуваат, тие се наследници на менталитетот, едноумието, на крвтта, на генот како преносител на наследните карактеристики на „Големиот Брат“!
Доверливоста на комуникацијата е опфатена речиси во сите европски-меѓународни конвенции за човекови права. Член 8 од Европска Конвенција за Човекови Права вели: “Секој има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, домот и преписката. Јавната власт не може да влијае при остварувањето на ова право, освен до степен предвиден со закон и доколку е тоа неопходно во едно демократско општество во интерес на јавната сигурност, за заштита на јавниот ред, на здравјето или моралот, или за заштита на правата и слободите на другите.” Член 12 на Универзалната Декларација за Човекови Права во оваа насока е дури порешителен. Според овој член, никој нема да биде изложен на произволно вмешување во неговиот приватен и семеен живот, домот или преписката, ниту пак на напади врз неговата чест и углед. Секој обесправен од такви вмешувања има апсолутно правна заштита од овие напади (прислушкувањето како вмешање во приватноста се смета за напад). Додека во Член 17 на Меѓународниот Пакт за граѓански и политички права се вели: “Никој не треба да биде предмет на самоволни или незаконити мешања во неговиот приватен живот, во семејството, во домот или преписката, ниту треба да се нанесат незаконити повреди на неговата чест или углед. Секое лице има право на законска заштита против ваквите мешања или повреди”.
Значи, сите конвенции, декларации и разни меѓународни акти строго го санкционираат прислушкувањето (дури го оценуваат и како напад”).
Да наведеме еден случај што се случил во септември 1978 година со кој се соочи Европскиот Суд за Човекови Права . Станува збор за Случајот Кlass и другите против Германија. Oва е прв случај со кој се соочи ЕСЧП и типичен пример кој зборува за апсолутните човекови права во однос на прислушкувањето. Во тоа време германската власт имаше дадено налог за прислушкување на телефонските повици со цел спречување криминал врз внатрешната и надворешната безбедност на Германија. Петмина германски државјани (на поранешна Западна Германија) претендираа дека биле жртви на прислушкувањата извршени од германската држава со цел внатрешна безбедност. По разгледување на приговорот, Европскиот Суд нагласува во својата одлука дека, следењето на телефонските повици во склоп на делокругот на правото на приватност може да се изврши само кога има цврсти докази против лицата кои вршат или се спремат да извршат тежок криминал.
Во овој контекст, ИВЗ во РМ, но и јас како предводник на муслиманите во земјата, со право инсистираме да разбереме какви тешки злодела сме подготвиле против општеството, уставниот ред или против државата,? Секако дека, одговорот ќе го бараме во органите на правдата, било тоа во органите кои изгледа се контролирани од актуелната власт, било од судствата што ќе се рекомпонираат или пак (зошто да не?!) од меѓународните судови. Првенствено, длабоко сме убедени дека прислушкувањето на ИВЗ и на нашите луѓе е извршено поради два мотива: да се наиде на некој евентуален елемент преку кој би се уцениле или, едноставно, од мотивот последица на психичките пореметувања! И во двата случаја, според наша пресметка, оваа власт го губи кредибилитетот за водство, не е достојна да води држава, и како таква, треба да се повлече преку јавно извинување и преку изразување мажествена готовност да се соочи со законските санкционирања за незаконските прислушкувања.
Судејќи според исламски аспект, можеби треба да се прекине секаква соработка со субјектот кој е во состојба „да го изеде месото од својот умрен брат”.
Спроведувачите на прислушкувањето секако дека се во улогата на современиот шпиун, додека нарачателите на прислушкувањето на приватноста имаат две цели: да рашират што повеќе информации за озборувањата на противникот со цел негово усрамење и уценување. Прислушкувањето и озборувањето го достигнуваат чинот на некро-ханибализмот! Застрашувачко. Тешко на општеството со оваа категорија на луѓе. Во ајетот 12 од сурето El-Huxhurat се вели : “Вие што поверувавте! Избегнувајте многу сомневања, затоа што, навистина некои сомнежи се грев. Не шпиунирајте се и не прислушкувајте се еден со друг! Да не сака некој од вас да го изеде месото на својот умрен брат?! Сигурно дека вие го презирате тоа! Имајте страв од Аллах.…”
(Aвторот е Поглавар на ИВЗ во РМ)
Comments are closed.