Огромен дилетантизам

imageИсламот е универзална вера, наднационална за разлика од православието. Исламот е вера на Алах за сите. Да се каже “албанизација на исламот” е еднакво на „албанизација на лебот, “албанизација на водата”…

Од Х. Сулејман Реџепи

Не само што е во мојот карактер, туку и самата верска титула ме задолжува да се занимавам со појави. Феномените се настани кои се појавуваат како резултат на Големата Волја, тоа се вон човечките капацитети и можности. Значи, што повеќе поставени појави за цел, толку посталожено и некомплексирано општество би биле. Да се етикетира човек како националиста или како „припадник“ на разни изми само поради фактот што се занимава со една појава што се случува во една заедница или општество, тоа е идиотизам.

Во мојата последна колумна ја нагласив појавата на политичкото преориентирање на торбешите во „македонски муслимани”! Дузина оркестрирани напади се упатија кон мене, врз мојата личност. Инструментализираните медиуми започнаа да се занимаваат со мојата личност но не и со појавата. Огромен дилетантизам меѓу нив. Јас се молам “Господе, помилуј ги, тие не знаат што прават”! Каква порака испраќаат медиумите кога превземаат напади против личноста која има важна титула. Освен што го покажуваат нивното политичко позиционирање , всушност, ги пренесуваат околните закани на тајните служби за молк и покор. Kонтраефектот е огромен, несомнено.

Да, Сулејман Реџепи е албанец! Ова е Божја волја и поради тоа, во знак на благодарност, му се поклонувам и дење и ноќе со една неопислива гордост. Кого загрозува мојот албанизам? Кој се чувствува загрозен од мојот крајно мирољубив албанизам? Дење и ноќе му се поклонувам на Бога за Неговата Bолја кога решил да го постави човекот за свој намесник на земјата. За мене сите луѓе во светот се намесници на Бога. Овој факт го верувам толку колку што му верувам на самиот Севишен Алах. Оттука, како сум можел јас да сум против човекот, против луѓето, против едно општество. Јас албанец а да бидам против чесните македонци?! Во никој случај! Можам да бидам само против злобните. Не само што ми порачува Севишниот Алах туку и ме задолжува да бидам безкомпромисен против злобните.

Нема албанец чија што уста денес не е преполна со Америка. Нема албанска куќа што го нема знамето на Америка. Нема албанец во светот кому денес би му пречело американското знаме или грб. Испружената рака која спасува еден човек, едно семејство, една заедница или еден народ, таа е благословена рака. Албанците од Македонија вложиле за еден незаменлив соживот помеѓу македонците и албанците, вложиле неспорен труд за државата на Македонија, за самиот македонски народ, за верата и Црквата нивна, за јазикот, за историјата, за македонската култура, кои никогаш не ги оспореле. Но зошто толку гнев и омраза против албанците? Во случај да еден албанец напаѓа една појава што се случува во средината на македонците, тоа веднаш се преведува како напад и „големоалбански национализам“. Еве, јас овде јавно ќе изразам неколку мои искрени честитки, иако на инструментализираните македонски структури ќе им изгледа како иронија! Засекогаш да живее македонскиот народ! Да живеат „Славомакедонците„, „Античките македонци„! Да живеат “македонските муслимани”,да даде Господ да ни се

множат што повеќе, бидејќи само така ќе ни се множи бројот на припадниците на ИВЗ и ќе се надмине бројот од еден милион муслимани во земјата. Да живеат и торбешите кои јас и ИВЗ ги издигнавме во уставна категорија исто како што тоа право го уживаат и турците, ромите, босанците, еѓипчаните и другите припадници на исламот кои живеат и дејствуваат во Македоиија и кој што учествуваат во сите тела, органи и институции на ИВЗ во РМ. Да не заборавам, еден поздрав од душата да им испраќам и на албанските христијани во земјата. Да живеат сите и да биде секој мирен во својот етнички круг. Обидите за етничка преориентација се ѓаволски обиди, еден од наојмразените чинови од Семоќниот Алах. И против оваа појава треба да изразат гнев и омраза и македонските инструментализирани медиуми а не против албанецот Сулејман Реџепи, кој имаше храброст да го изрази стравот на припадниците на неговата вера, чија пто егзистенција зависи од политиката на етничката преориентација кои ја вршат некои дебили. Јас ниту изразив омраза, ниту закана, ниту пак ги проколнав овие ментално болни, бидејќи да мразиш и да проколнеш глупав е исто така гнев.

Не ме загрижува ниту еден од тие напади кои се однесуваат на стратегиите на тајните служби (обидите за лично и семејно потценување секогаш извираат од тајните аматерски служби), но многу прозирни беа нападите кои доаѓаа од „академскиот свет“ на некои дилетанти, кои го немаат ни основното познавање за исламот а си даваат себеси за право да зборуваат во својство на експерти. Јас сум бил за „Голема Албанија“? Премногу архаичен плитички обид! Албанците, до еден, сме за членство и интеграција во европското семејство на ЕУ. Да даде Господ сите албански земји (сите населени места со албанци) што поскоро да бидат под една граница на ЕУ. Со душа се молам на Бога и Македонија да се зачлени што поскоро во ова европско семејство, дури и без да го промени ниту името ниту нешто друго. Знам дека оваа моја желба погрешно ќе биде сфатена од дилетантите и за мој инает би посакале да ја припојат Македонија кон Русија! Еве еден искрен предлог: ги поканувам разните македонски политички и верски лидери, да заедно, еден петочен ден, во цркви и џамии, упатиме искрени молитви на Семилосниот Господ за да ни помогне што поскоро да ја испраќаме Македонија во големото семејство на ЕУ. Оваа молба би значело напуштање на политичките маки а воедно човечко и политичко разбирање како за македонците така и за албанците и за разните заедниците кои живеат во нашата земја. Но, ова би значело и преобразба во ѓавол со скрешна нога на сите оние кои го спречуваат ова зачленување. Убеден сум дека меѓу македонците ќе се појават многу од таквите со една нога!

Неколку академци, исто така, инструментализирани излегоа и ме обвинија наводно јас го „албанизирам исламот“ во Македонија! Што сака да каже со ова дилетантскиот академик, дека може да започне некој да го „македонизира исламот” како контраодговор на моите „обиди“? Исламот е универзална вера, наднационална за разлика од православието. Исламот е вера на Алах за сите. Да се каже “албанизација на исламот” е огромен грев, е еднакво на „албанизација на лебот, “албанизација на водата”…

За зачувување, практикување и негување на исламот истовремено се обврзуваат сите негови припадници, независно од етничката припадност. Случајно мнозинството муслимани во Македонија се погодиле албанци и, нормално дека, албанците ќе бидат тие што во множина ќе се залагаат околу исламот. Ова не ги исклучува другите, напротив, ги мотивира и охрабрува тие што се „малцинство“ да се ангажираат и да ги извршуваат своите задолженија наспроти исламската вера. Секој етникум своите проповеди ги врши на свој јазик, додека верските ритуали се вршат на јазикот на прогласувањето, јазикот на

Куранот, независно за големоалбанец или големомакедонец. Ако таквите академци имаат сомневања во овие вистини тогаш, нека пробаат и нека се преориентираат во исламската вера, нека водат живот низ џамиите во Македонија или каде било и ќе се убедат во ова што го кажувам. Без намера да ги „исламизирам македонците” и не за да го “македонизирам исламот”, затоа што таа работа е невозможна. Господ ги создава религиите и нациите за да живеат заедно, за да се запознаваат меѓу себе а не за да се асимилираат меѓу себе ниту пак за доминација на еден врз друг. Само Севишниот Алах ја има моќтта за доминација над своите суштества. Спротивното на ова би било една голема авантура на проѕирните дилетанти, било тоа да се со академски звања.

Феномените се случуваат според волјата на Големиот Господ, додека појавите се случуваат како последица на волјата на луѓето што немаат памет. Да му се помолиме на нашиот Создател за освестување, за вдахновение на разумот но и општеството воопшто. Ќе бидеме поискрени и позаветни. Aмeн!

Comments are closed.