ИВЗ со апел: Во недела сите да гласаме за НАТО и ЕУ!

ИВЗ со апел: Во недела сите да гласаме за НАТО и ЕУ!

Ријасетот на Исламската Верска Заедница на Република Северна Македонија, на својата редовна седница одржана на 30 април, пред вториот круг на Претседателските избори 2019, им се обрати на гласачите муслимани со следниот Апел:

Во недела , 5 мај, сите муслимански верници треба да излезат масовно и да го искористат своето граѓанско право на глас со кој што ќе придонесат за повеќе права, за правна и демократска држава, за верски и национални права за сите народи што живеат во Северна Македонија, за членство во НАТО и ЕУ, за правецот кој што како верници и како ИВЗ сме го трасирале и сме го подржувале снажно и постојано.
Сите гласачи, без исклучок, веќе имаат изграден став и знаат за кој кандидат теба да гласаат. Гласајќи за европските и американските вредности, сите избирачи се поставуваат на страната на силите кои и посакуваат добро на оваа држава, што ја сакаат слободата и независноста, што сакаат живот во мир со самите себе и со Бог.
ИВЗ во континуитет повикувала и повикува нејзините верници, освен искрената врска со Бог, да бидат во силна врска и со средината во која што живеат, со општеството, но не за да станат нечија алатка, туку за да инсистираат и да очекуваат од раководните структури на државата да го исполнат и да го реализираат тоа што е најдобро за верникот и за муслиманскиот уммет.
Врската со напредната Европа и со Соединтетите Американски Држави, длабоко сме убедени, ќе обезбедат по убава сегашност и по убава иднина за сите верници, без оглед на која вера припаѓаат. Исламските верници на Северна Македонија-албанци, турци, торбеши,бошњаци, роми, ашкалии, египтјани и сите останати, очекуваат многу од својот иден Претседател, очекуваат многу од неговата работа и неговите одлуки. Токму затоа, сосема слободно, како што им доликува, во недела на 5 мај 2019 год. треба да излезат на гласање, да го остварат своето право и да ја исполнат својата граѓанска и уставна должност.
Ријасетот на ИВЗ во РСМ
Реисул Улема х. Сулејман еф. Реџепи

Comments are closed.