До: Господин Господин Стефан

До: Господин Господин Стефан,Архиепископ на Македонска Православна ЦркваПредмет: ОДГОВОРВрска: Ваше пимо бр.42 од 05,04,2019 год.Почитуван госп.госп. Стефан,       Со должна почит го прочитавме вашето писмо и не израдува фактот дека и вие ја сметате мултинационалноста и мултиконфесионалноста на Република Северна Македонија како“ Божја промисла и милост“.Да, и ние мислиме дека за да функционира успешно општествената заедница, исклучително е важна кохезијата, почитта и меѓусебното разбирање  меѓу разните народи и вероисповеди,а  традицијата што во тој поглед е градена со векови, без сомнение,е посебна вредност што треба да се негува. И токму затоа, од кога Исламот зрачи на овие простори, муслиманите обрнуваат посебно внимание на односот со своите сограѓани од друга вероисповест.Но, искрено кажано, ние не мислиме дека меѓусебните куртозани посети и честитки за време на празниците се доволен придонес за соживотот на народите и верниците, тие се само мал знак на вниманието и воспитанието што го одликуваат нашето постоење на овој свет.   Исламската Верска Заедница на Република Северна Македонија  во годините на своето функционирање како институционален представник со полна одговорност за организирање на исламскиот верски живот, активно,јавно и практично ја негува и ја надградува традицијата на соживот и мир. За тоа сведочат безбројните наши обраќања до јавноста, предавањата на нашите теолози, дискусиите и настапите на раководните луѓе на ИВЗ во разни пригоди како во земјата така и во странство,бројните одликувања од нај високи странски државници, активното учество на стотици светски конгреси за мир и толеранција,  нашето вклучување во сите инициативи превземени во тој правец било од државната власт, од меѓународни представници или домашни и странски невладини организации.Сетете се на конструктивноста на ИВЗ за време на воениот конфликт од 2001 год, сетете се на нашите јавно искажани ставови при ситуации на разгорување на меѓунационална и меѓуверска омраза од страна на разни групи и ораганизации, сетете се кои беа нашите апели кога се напаѓаше Собранието и се загрозуваа животите на избраниците на народот со цел на нарушување на уставниот поредок на земјата, какви беа и се актуелно нашите ставови во однос на иднината на земјата и нејзиното вклучување во евро-атлантските интегративни процеси. И, за да не набројуваме во недоглед, сетете се на нашиот став и ангажираност за успешно работење и делување на иницијативата на фондацијата Конрад Аденауер за меѓусебна толеранција и диалог која што, за жал беше, не знаеме зошто, прекината токму од МПЦ, иако прифатена и потпишана од сите останати верски заедници…Искрено жалиме ако нашите произнесувања во јавноста во врска со еклатантните неправди што ни се нанесени  во изминатите децении, ги доживувате како изразување на нетрпеливост. Го очекуваме од вас како нај голема верска заедница во земјата токму спротивното. Очекуваме израз на солидарносткако белег на духот на толеранцијата и соживотот за кој што толку убаво зборувате во вашето писмо и кој што, впрочем, е дух што произлегува од постулатите на  верата, било на Исламот, било на Христијанството.Почитуван госп.госп Стефан, ние едноставно не можеме да разбереме како тоа нашиот повик за правдина и коректност што ни беа ускратени од  сите што во минатото беа на власт, може да предизвика “трајни последици за мирот и стабилноста кон кои сите тежнееме…“.Без никаква желба да полемизираме со МПЦ со која што од секогаш се обидуваме да имаме нај коректни односи токму поради отстранувањето на можноста за “трајните последици за мирот и стабилноста…“, сами по себе се наметнуваат некои, според вас, “неодмерени“ прашања и ставови:- Дали сериозно мислите дека мирот и стабилноста на нашата заедничка Република Северна Македонија може да се сочуваат и негуваат ако државата продава за само девет иљади евра, пет вековен исламски споменик,  и при тоа купецот е епрахијата на МПЦ, со намера наместо џамијата да изгради црква. Се работи, потсетуваме, за Хусамедин Паша џамијата во Штип. Зарем ова не е фаворизирање?- Дали за толку посакуваната стабилност на земјата придонесува фактот што во с. Лажец кое што е мултинационално и мултиконфесионално, со половина жители муслимани, и ден денес  верниците од исламска вероисповест се оневозможени на разни начини да изградат џамија на свое земјиште, а истиот број жители имат две цркви. Зарем ова не е фаворизирање?- Поради мирот и спокојството ли на саат кулите како исламски сакрални монументи се поставувани крстови. Дали би придонело за мирот и спокојството поставувањето на исламски обележја, да кажеме, на некоја камбанарија ?- Мир и спокојство ли зрачат од опожарената, вандализирана и опустошена монументална Чарши  џамија во Прилеп,  која што требаше да биде повторно подигната истовремено со Лешочкиот манастир, но и по дваесет години таа стои како паметник на очигледното злосторство кон верата, културата и традицијата на муслиманите. Лешочкиот манастир веќе одамна е изграден.Зарем ова не е фаворизирање?- Што им пречи на мирот и спокојството изградбата на минарето на Али Паша џамијата во Охрид , во градот каде што во не толку далечно минато бе срамнети со земјата повеќе џамии од големо историјско и културно значение.- Кога веѓе станува збор за Охрид, да ве потсетиме дека токму таму беше со динамит срушена Имарет Џамијата во Плаошник и на нејзино место беше изграден  манастир. Предда биде решена постапката за денационализација на таа парцела, каде што ИВЗ бара четири илјади метри квадрати да и се вратат во сопственост. По некое чудо,  наместо на сопственикот, целиот Плаошник се пренесува во  сопственост на МПЦ. Зарем ова не е фаворизирање?- Нели нашата заедничко барање беше на  Плоштад Македонија, во Скопје,  да се изгради Бурмали Џамија и Црквата Свети Констадин и Елена. Да ве потсетам, Црквата е изградена во катастарска парцела за која ИВЗ имаше барање за денационализација. И таа парцела денес е во сопственост на МПЦ.Зарем ова не е фаворизирање?- Не слушнавме ниту еднаш некое сериозно реагирање од ваша страна когн шовинистичката политика за рушење и скрнавење на исламските споменици  начие  место се градат цркви Вие  мудро молчите додека има тенденции  Јени Џамија во Битола и Орта Џамија во Струмица   да се претворат во цркви. Зарем ова не е фаворизирање?- Сите општини кога креират детални урбанистички планови , планират нови цркви, без никаков трошок врз буџетот на МПЦ. Ние не само што трошиме од нашиот буџет за  цртање маркици туку во некои општини со децени чекаме позитивен одговор за да се предвидаат џамии за муслиманско население, како на пример во Општина Аеродром, во населба Ново Лисиче, во Општина Гази Баба, во село Трубарево, во Општина Кратово, Свети Николе, Стар Дојран, Неготино. Зарем ова не е фаворизирање?- На МПЦ државата и додели место за  резиденција, а истото го добиа  и Католичката Црква, Еврејска заедница.Ние се уште чекаме одговор. Зарем ова не е фаворизирањ?Кога сме кај фаворизирањето на МПЦ-ОА, да ве потсетиме дека нашиот став е изграден врз горе споменатите примери, а мора да ве подсетиме дека , на пример,  според анкетата на Фондацијата Конрад Аденауер околу перцепциите на испитаниците за тоа дали државата фаворизира одредени верски заедници во однос на друг, дури  19,8% мислат  дека МПЦ-ОА е фаворизирана во однос на другите религиозни заедници.И во извештајот на Стејт департментот секоја година се наведува забелешката дека не само ИВЗ туку и другите верски групи се жалат дека владата ја фаворизира МПЦ-ОА давајќи и уникатни даночни привилегии, државни имоти без надокнада, фондови за изградба на православни цркви, како и ексклузивни покани за нејзините претставници да преземаат владини функции.Толку за мирот и спокојството, за почитта и соживотот, сегменти што ние во ИВЗ и ги знаеме, и ги почитуваме и чиниме конкретни чекори и напори за да ги сочуваме.Што се однесува пак до вашите “издржани барања до државата  и градбите исклучиво врз основа на сите процедури и потребни дозволи“, го поздравуваме вашиот став, но се надеваме дека при тоа не алудирате дека ние во ИВЗ не ги почитуваме истите и дека  во нашите градби не ги запазуваме потребните процедури и не ги обезбедуваме соодветните дозволи. Ги запазуваме и тоа како, и покрај незамисливите пречки што ни се поставуваат. И, мило ни е што вие немате пречки од таква чудна природа бидејќи, нели, изградбата на Божјите домови, исламски, православни, католички, протестантски или еврејски, имаат една единствена цел- ширењето на Божјата реч, на љубовта и милоста негова.Кога се работи за денационализацијата, ИВЗ е потполно дискриминирана и покрај поднесената комплетна документација за голем број многу вредни имоти.Велите дека МПЦ не е привилегирана во овој процес и ние сакаме да ви веруваме.Најверојатно вие не сакате да бидете привилегирани, што е мошне христијански и коректно од ваша страна, но можно е дека другите ве привилегираат без ваша желба.Исто така се сложуваме дека “дневната политика и некои злонамерници“ можат да ја злоупотребат верата и верските чувства на луѓето како што впрочем и се случуваше во минатото, кога луѓе инспирирани и потикнати од некои кругови на власта, опасно ја загрозуваа стабилноста на државата и така кревките меѓунационални и меѓуверски односи. Тогаш се слушаше само нашиот глас, од ваша страна молк! Ве уверуваме дека ИВЗ и сега и во иднина ќе комуницира со сите политички чинители, но никогаш нема да дозволи мешање на политиката во верските работи, посебно не во односот меѓу припадниците на различни религии а со намера да се разгорат тие односи.На  Бога Божјето, на царот царевото!Следствено, во ситуација и амбиент кога република Северна Македонија и нејзините луѓе се чини ги надминуваат митолошките небулози и  опседнатоста со антиката, ве повикуваме заедно со сите останати верски заедници  да придонесеме за прогресот на нашата заедничка држава, да помогнеме со нашата коректност и добронамерност час по скоро да се реализираат евроатлантските интеграции кои што на овдешниот човек ќе му овозможат по добар живот. Во духот на мирот Божји, на светите пораки на Куранот и Библијата, ајде да живееме не еден крај друг туку еден со друг, да ги елимнираме недоразбирањата и да ја промовираме еднаквоста, толеранцијата и диалогот нека бидат наши водилки!Ние, како и секогаш сме спремни!Реисул Улема на ИВЗ во РСМХ. Сулејман еф. Реџепи

Comments are closed.