Bashkësia Fetare Islame në Republiken e Maqedonisë së Veriut
Bashkësia Fetare Islame e Republiken së Maqedonisë së Veriut

Демант

Демант

Во врска со банковниот извод бр.76. со датум 26.06.2019 год кој што се појави на некои електронски медиуми а пропратен со текст во кој што се наведува дека првиот човек на ИВЗ подигнал од жиро сметката на ИВЗ еден милион евра, Финансијската служба на ИВЗ ја информира по широката јавност со следното:

Во потполност ги демантираме сите коментари и написи што го придружуваа споменатиот банкарски извод бидејќи вистината е сосема друга. Всушност, ако се погледне професионално изводот од банката, ќе стане јасно дека тие финансијски средства се влезени на сметката на ИВЗ од Министерството за Финансии како надомест за денационализација на имот.

Средствата се легнати на банкарската сметка префрлувајќи се од Стопанска Банка во Халкбанк, а истите средства се искористени за исплата на месечните примања и придонеси поврзани со платите на професорите и вработените во воспитно просветните иснтитуции на ИВЗ а дел се искористени за одржување на споменатите институции.

Објаснение на банковниот извод бр: 76:
Бр: 1 Институција што ги примила средствата,ИВЗ
БР: 2 Примениот износ,
Бр: 3 Исплата за денационализација на имот,
Бр: 4 Датум на прием 26.06.2019
Бр: 5 Целата процедура за која што станува збор е извршена пред една година, по точно во 2019 год.

Со почит,

Финансијската Служба на ИВЗ

 

Merr përditësime në kohë reale në pajisjen tënde, Abonohu tani.

Ju gjithashtu mund të lexoni