Б А Ј Р А М С К А П О Р А К А

Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосен!
„ Да, Ние ти дадовме добро изобилно. Па, клањај Му се на Господарот  твој и заколи Курбан. Оној што те мрази ќе остане без помен, навистина!„  Сура 108, ел-Кевсер
Почитувани Браќа  и сестри
dr. fahrudin ebibi
Се наоѓаме во пресрет на големиот празник Курбан Бајрам, кој, гледано од верски, општествен, хуманитарен и културен аспект е многу значаен. Затоа, во ова прилика преку ова порака, имам посебна чест, да во име на Реис Ул Улема на Исламската Верска Заедница на Република Македонија х. Сулејман еф. Реџепи, на сите  муслимани во земјата а и пошироко, им го честитам празникот на Курбан Бајрам, со надеж дека молитвите, разните обожувања, жртвите и нашите искрени дела во општ интерес, ќе бидат прифатени кај Возвишениот Ал-лах.
Овој празник, ги повикува сите верници да бидат разумни, го одразува нивното искрено враќање кон начелата на Исламската вера, да култивираат хумани, и човечки вредности спрема сите, со посебен акцент, кон најблиските, соседите и сите оние што имаат потреба.
Браќа и сестри
dsc02204
Нашето општество денес, повеќе од било кога до сега, има потреба да му се обрати на Бог, да се врати кон верувањето и варата, затоа што, небрежноста и запоставувањето на Божествените учења, со сигурност не доведуваат до загуба и дегенерација на општествените и човекови вредности во целост.
Празникот на Курбан Бајрам, на симболичен начин, ја претставува жртвата, односно Курбанот, всушност чин, кој во себе содржи возвишени значења и сеопфатни позитивни ефекти. Ја претставува жртвата за возвишени цели, посветеноста кон идеалите, и постигнувањето на постојано задоволство кај Создателот на универзумот.
Овој празник, се поврзува со неколку процеси, кои, гледано од аспект на Исламска гледна точка, имаат посебно значење: се поврзува со извршување на петтиот услов на Исламската вера –  Хаџџот; кој собира милиони муслимани од сите земји на светот на едно место, на светата земја Арефат, чии што дел, се и хаџиите на нашата земја, каде што сите обединети, со мноштво молитви му се обраќаат на Создателот на Универзумот. Се поврзува со еден настан од пред нашата ера, всушност, со возвишеното дело на Ибрахим алејхи-селам, кој, заради Ал-лах џеле-шануху, сакаше да го жртвува неговиот син Исмаил алејхи-селам. Во меѓувреме, се поврзува и со завршувањето на објавата, на чесниот Кур’ан, последната света книга.
Овој празник, го претставува Исламскиот концепт за единството, кој треба да биде функционален, односно, и практично да се докаже во секојдневниот живот, да се манифестира на секаде каде живеат и делуваат муслиманите. Во меѓувреме, континуирано ја мотивира сензибилизацијата, за унифицирање на ставовите, во соочувањето со предизвици, и за умно и мудро решавање на евентуалните контексти, во духот, на толеранцијата и Исламските начела.
На Крај, овој празник, нека биде еден мотив повеќе, да богатите ги усреќат сиромашните, оние што немаат и сираците, секако нека биде и мотив повеќе, за пружање на раката на помирување, како и за взаемни посети на блиските и пријателите.
Честитки, за многу години празникот на Курбан Бајрам!
Ал-лаховиот благослов и неговата милост нека биде на сите вас!

Comments are closed.