БАЈРАМСКА ПОРАКА
БАЈРАМСКА ПОРАКА на Реис Улема Х. Сулејман Еф. Реџепи
Бисмил-лахир-рахманир-рахим
“Спасен е оној кој се очистил, кој се потсетува на возвишеноста на Аллах и кој намаз клања” (Ел А’ла, 14-15)
Браќа и почитувани пријатели, сакани верници Ви го испраќам Аллаховиот благослов со желби овој возвишен месец да остави непресушни траги во вашите души.
Го испративме исклучителниот месец, месецот на чесниот Куран, месецот на воспитувањето и хуманизмот, светиот месец Рамазан во кој ние сите ја изразивме љубовта и нашето искрено верување без резерва во Единиот Творец на сите светови моќниот Аллах џ.ш.
Во текот на месецот Рамазан преку учењето на Куранот, клањањето на намазите, постот и трпението со добродетелство и хуманизам ја разбравме филозофијата на овој месец кој послужи како патоказ во правец на избегнување на сите слабости, девијации и деструкции во општеството од причина што Исламската вера претпочитува љубов а не омараза, морал а не неморал, толеранција а не тензии, респект а не насилие, се грижи за солидарност а не за егоизам.
Сакани сестри и браќа верници,
По повод на овој месец ве повикувам да го покажете и посведочите величието на верувањето кое извира од љубов и почитување на возвишениот Аллах почнувајќи од ноќта спроти бајрамот посебно внимание им дадеме на нашите души и на нашите срца за да останат занавек живи како што не подучува Аллаховиот пратеник “Кој бдее и ја оживува бајрамската ноќ со учење на Куран, клањање на намаз, потсетување на Аллаховото величие во различни форми, нивните срца и нивните души ќе останат живи на Денот кога сите други срца ќе престанат да живеат”.
Денес ние треба да побараме опрост од оние кој свесно или несвесно сме ги повредиле, да се поздравиме со оние со кои долго време не сме се поздравувале, да бидеме дел од оние групи кој не прават неред и недоразбирања во општеството. Ние денес и за навек да останеме блиски до сиромашните, до болните, до бедните, до сирочињата, како и со сите оние кои имаат потреба од пружена рака.
Апелираме до сите наши џемаати да се солидаризираат со нашите браќа во Сомалија давајќи го својот прилог во јавните места каде што ќе се клања Бајрам намаз. Аллах џ.ш. дарителите ќе ги награди со неизмерна награда.
Почитувани верници,
Посакувајќи ви радост и среќа на овие празнични бајрамски денови ги повикувам сите верници на Исламот како и сите други луѓе со добра воља да култивираат човечки и цивилизациски вредности, да искажуваат љубов спрема семејството, пријателите и комшиите, да го респектираат универзалниот концепт за слобода и да ги почитуваат разликите во човештвото определени со Аллаховата воља.
Честит Бајрам.
Comments are closed.