Рамазанска порака на Реис ул Улема, Х. Сулејман Еф. Реџепи по повод настапот на благословениот месец Рамазан во 2013 г.

600222_10200201660068991_1296755441_n

Во името на Аллах, милостивиот, семилосниот

“О верници, пропишан ви е постот на вас онака како што им бил пропишан постот и на оние кои беа пред вас, се со цел да бидете богобојазливи” (Ел Бекаре, 183)

Почитувани верници, сестри и браќа,
Возвишениот и семоќниот Аллах џ.ш. ни овозможи и оваа година да ги доживееме вредностите на благословениот месец Рамазани шериф.
За вистинските верници возвишениот месец Рамазан овозможува уште една прилика со одговорност да и одговориме на Аллаховата порака за постење, духовно воспитување, искрен морал, целосно просветување и прифатен ибадет и почит. Овој месец на науката и знаењето е и месец на почетокот на објавата, на безсмртното дело, светотот слово, најголемиот и највозвишениот збор, Курани Керим, каде и Возвишениот Аллах вели “Месец Рамазан е месец кога отпочна Куранската објава кој преставува патоказ за луѓето и откривање на патот на вистината и разликување на вистината од лагата”.
Рамазанот е месец кога сите ние го градиме нашиот карактер и авторитет врз основа на исламските верски принципи правејќи прочистување на нашата совест од секаков сомнеж и лошотија.
Вистинските верници и оние со висок морал јасно им е дека овој месец е месец на солидарноста и зближувањето помеѓу себе, давајќи ја раката на милосрдие или помош на бедните и на оние кои им е потребна нашата помош чии број од оваа категорија за жал се зголемува во нашава средина, истовремно не загрижуваа.

Браќа и сестри,
За сите нас нека биде овој месец можност за позитивна промена и тоа индивидуална, семејна и општествена.
Над се овој месец нека биде прилика кога искрено ќе се определиме за Аллаховата љубов од кого ќе бараме да ни го прифати постот кој го чиневме во Негово име, да ни ги опрости нашите слабости од нашето секојдневие нападнато со разноразни модернизми во овој современ свет. Поради тоа што во овој месец чиниме напор тогаш нашата жртва нека биде исклучиво заради задоволството на Аллах џ.ш. од кого очекуваме награди за нашите дела.
Почитувани браќа и сестри,
Од Исламската Верска Заедница ви го пренесувамЕ Аллаховиот благослов секаде таму каде што сте, во земјава или во дијаспората, ви го честитам од се срце почетокот на возвишениот месец на Рамазан, Ви посакувам здравје, благосостојба, бериќет во нашите фамилии и лесен пост прифатен од Аллах џ.ш.

Comments are closed.