Пораката на Реис ул Улема по повод Курбан Бајрам 2013

Rexhepiلَن يَنَالَ اللَّهَ لُحُومُهَا وَلَا دِمَاؤُهَا وَلَكِن يَنَالُهُ التَّقْوَى مِنكُمْ كَذَلِكَ سَخَّرَهَا لَكُمْ لِتُكَبِّرُوا اللَّهَ عَلَى مَا هَدَاكُمْ وَبَشِّرِ الْمُحْسِنِينَ

 

“Кај Аллах не стигнува ниту месото нику крвта на курбанот, кај Него пристигнуваа само вашето побоженост ( верување)”( Суретул Хаџ-37 )

 

Почитувани браќа и сестри,

 

Нашата благодарност му припаѓа на Семоќниот Аллах, кој ни овозможи да го доживеме големиот празник Курбан Бајрам, а по овој повод имама посебна чест,во име на Исламската Верска Зеадница и во мое лично име, да ви го честитам овој голем муслимански празник, со молба до Милостивиот за помош, спокојство, здравје и среќа.

 

Курбан Бајрам е празник на славење на извршувањето на петти исламски столб- Хаџот, кој во едно е собир на сите муслимани во светите места, а меѓу нив хаџии и од нашата земја.

 

Почитувани верници,

 

Па затоа овој празник треба да се користи за извршување на пораките на нашиот заеднички

Створител, а тоа е да се запознаеме меѓу себе, да чиниме добро и да се сакаме а не да се мразиме.

А вие што имате материјална можност да колите Курбан, чините го тоа во име на Возвишениот Аллах и овој празник ќе биде по свечен низ вашето приближување и солидарност, немојте да дозволите вашиот брат, вашиот комшија, вашиот пријател и сиракот да ја осеќат вашата негрижа. Заборавите ги вашите меѓусебните несогласувања, раздори и заговори, затоа, смирувајте, честитајте и однесувајте на исламски начин, рефлектирајте од светлото на вашето верување за да го постигнете задоволството на Возвишениот Створител.

 

Срдачни честитки им изразуваме на сите верници во земјата, на нашите браќа во регионот и пошироко како и на нашите иселеници пожелувајќи спокојство, среќа и задоволство во текот на празничните денови на Курбан Бајрам, а во едно го молиме Аллах џ.ш. да ги прима нашите ибадети, вклучувајќи и колењето на курбаните во Негово име, како и на сите овогодишни хаџии да им го прими хаџот.

 

Бајрам мубарек олсун!

Comments are closed.