Врз дијалогот

fokus.,Благосостојбата не може да ја зачува и гарантира никаква човечка сила ниту пак некоја технича сила oсвен дијалогот, кој генерира разбирање и толеранција, го издигнува замокот на слободите и на човековите права.

Од Х. Сулејман Реџепи

Дијалогот генерира толеранција а толеранцијата се зајакнува преку почитувањето на човековите права. Значи, дијалогот, толеранцијата и човековите права се трите основни извори кои ја хранат благосостојбата и напредокот на човештвото во сите животни сфери. Врз овие три столба е изградена и суштината на животот .

Несомнено, врз овие столба е издигнат и политичкиот систем збиен со спектар од правила кои гарантираат ред и сигурност во демократските општества. Се друго надвор од овие три столба е диктатура, анархија, декаденција…

Во самиот почеток на текстот подвлеков дека овие три животни извори на човештвото и даваат смисла на животот.! Овој факт го среќаваме уште во самиот зачеток и за време на сите историски развои и процеси на човекот. Го среќаваме и низ раскажувањата на светите книги, а на многу јасен начин го среќаваме особено во Куранот.

Во Книгата на Светлината, дијалогот, како процес кој отвора пат на мирот (благосостојбата),е света категорија. Секогаш кога ќе се постигнала оваа правична перцепција помеѓу луѓето, надвладеело повеќе љубов, повеќе почит, толеранција и мир.

Дијалогот не е процес кој исклучиво припаѓа на двајцата посилни, на две страни кои не попуштаат, или на два субјекта веќе изморени од конфликти и војни. Дијалогот е средство кое припаѓа на сите оние кои настојуваат да се сметаат себеси за побожни, чесни, морални, суштества на еден Апсолутен Создател. Сите оние кои се сметаат како „апсолутна сила”, значи, диктаторите, ја исклучуваат можноста на решавање на општествените проблеми преку дијалогот. Таквите се одрекувачите на Апсолутната Сила, значи, тоа се следбениците на патот на Ѓаволот.

Дијалогот како процес на разбирање, го има својот историјат и во христијанскиот свет. Го среќаваме и во Библијата. Познат е дијалогот помеѓу Христос и Ѓаволот. Исходот на разговорот ни дава до знаење за раното пријатество помеѓу овие две суштества на Апсолутниот Создател. И во Библијата улогата на Ѓаволот е улога на провокатор, на искушител. Со цел доведување на неговиот идентитет во дилема како и обидувајќи се да го заниша верувањето во Бога, Ѓаволот му се обраќа на Христа со зборовите „Ако си ти Божји син…!” Целта на Ѓаволот е да провоцира непослушност или тврдоглавост во Христа, но Божјиот посланик (Исa – мирот и милоста на Бога нека бидат врз него) одбивајќи ја провокацијата и несакајќи да ја посведочи својата моќ претворајќи го лебот во камен ( да го множи тој леб за сите негови следбеници), тој всушност му дава до знаење на ѓаволот за неговата непоколеблива сила на верување во Семоќниот Создател од кој што извира животот. Вака не учи Библијата, додека во Куранот, дијалогот како процес на постигнување на спогодба ја достигнува категоријата на свет чин. И во Куранот е познат дијалогот помеѓу Господ и Ѓаволот, на кој му претходи тој помеѓу ангелите и Господ. Значи, не само со добриот, нежниот, и прилагодливиот може да се преговара до постигнување на решавање на еден проблем, но оваа прилика треба да и биде понудена и на „лошиот”.

Во секојдневниот живот, зачудувачки, како да се смениле улогите на оние што се повикуваат или (сами)опредедуваат за водење дијалог. Политичкиот властодржец го користи дијалогот само за да го убеди својот опонент да се потчини на неговата „апсолутна сила“! Во спротивно го очекуваат репресивни мерки, потчинетост, освојеност,уценувањеi… Дали е ова целта на дијалогот? Кога тоа би била целта, тогаш, несомнено дека, уште на самиот почеток, Семоќниот Алах немаше да го проколне ѓаволот по одбивањето да се наклони испред Адам, туку ќе го искоренуваше, па дури и самиот поим, како концепт или пак како фикција.

Дијалогот не е средство кое му се одредува „на силниот“ за да се постигне потклекнување, понижното покорување на послабиот; дијалогот не е средство што треба да се користи за да се „рефлектира“ политичката супериорност наспроти опонентот, ниту пак може да се користи како средство за каршилук (дрскост). Дијалогот не може да се користи како дисциплинско

средство за политички незадоволните, или за бунтовниците. Дијалогот, над се е чин, кој нашиот Создателот го има развиено за да покаже за светоста не само на толеранцијата и соживотот туку и на почитувањето на правата на човекот.

Дијалогот се води за да се изнајде еден компромис за изнаоѓање решение на начин што ќе се договаараат страните, решение што ќе биде прифатена за сите страни учеснички во дијалошкиот процес.

Ѓаволот ја одби наложбата на Господ да се наклони на првиот човек! : “Еј Иблис (Ѓаволе), што те натера да не потклекнеш на сеџде испред оној кој го создадов Сам со Свои раце? Да не постана надмен или пак мислиш дека си од возвишните?” Иблис рече: “Јас сум подобар од него. Мене ме имаш создадено од оган, додека него од калтта, ”. (Sa’d: 38-75/76)

Наредните стихови (ајети) на ова суре се “каментемелник” на институцијата на толеранцијата-соживотот и слободата на човековите права. И покрај обидите на Иблис/Ѓаволот да дувне во огнот и да го разгори преговорот, Создателот на Универзумот му нуди друго алтернативно дејствување, не затоа што нема друг излез, туку тоа беше момент на пренесување на пораката “кога Господ толерира секого од своите суштества, под чија потчинетост се и земја и небо, тогаш зошто човекот подивува кон своите суштества.”?!

Господ го протера од Рајот проколнувајќи го поради неговата тврдоглавост но му го испочитува барањето кога му рече “O Мој Господе, дај ми рок до денот кога тие ќе воскреснат !” Господ рече: “Во суштина , тебе ќе ти биде дадено рок до еден одреден ден (кога ќе се свирне во Сур за прв пат)”. (Sa’d: 38-79/81)

Дијалогот ќе продолжи и понатаму! Ѓаволот ќе се колне во Неговото Височество дека ќе работи дење ноќе за да ги измами сите, освен Неговите искрени следбеници. Тоа е моментот кога се нагласува дека светот ќе се поларизира/разделува, ќе се распадне, дека ќе има конфликти и рушења како последица на ѓаволските занеси. Сите проблеми, страдања, рушења ќе потпаѓаа врз рамењата на суштествата на Господ, Зарем немаше моќ Господ уште на почеток да ја запре оваа лошотија на човештвото? Несомнено дека имаше! Но, Господ, откако ја прогласи Вистината, всушност им даде цолосно право и слобода на сите, да се позиционираат според желбите, лакомоста, ориентирањата и убедувањата на секое суптество. Сите оние кои ќе ја избегнуваат Вистината следејќи го патот на Иблис Ѓаволот), сите тие ќе бидат жители на Пеколот. Значи, тие што ќе се придружат на пламеното суштество (Ѓаволот беше создаден од пламен), на тоа суштество закопчано со ирационалноста, сите тие завршуваат во оган, односно боишта и уништувачки војни.

Благосостојбата не може да ја зачува и гарантира никаква човечка сила ниту пак некоја технича сила oсвен дијалогот, кој генерира разбирање и толеранција, го издигнува замокот на слободите и на човековите права. Границите на овие права на совршен начин ги има одредено веќе прогласената Вистина. До оваа Вистина се достигнува само преку искрен дијалог, дијалог кој гарантира почит, слобода и развој за сите суштества на Господ. Сите оние што го имаат загушено дијалогот, тежнеејќи да ја проследат „власта на господ“ врз суштествата на Господ, сите тие ( владетели, диктатори и тирани) завршиле без белег и глас.

И сурето (поглавјето) кое во овој случај ни послужи за да ја расклопиме важноста и вредноста на дијалогот завршува: “…овој Куран е поука за целиот свет! И со сигурност, вие многу бргу ќе ја дознаете вистината!” (Sa’d: 38-87/88)

(Авторот е Поглавар на ИВЗ на РМ)

Comments are closed.