Реагирање на ИВЗ РМ за насилието на Скопското Кале

Untitled-6
По направеното насилство последните денови на Скопското Кале, Ријасетот на ИВЗ на РМ ја изразува својата голема болка и незадоволство што Владата на РМ и овој пат ја избра тактиката на моноетнички и моноверски проекти како продолжение на реториката за влошени меѓуверски и меѓуетнички односи во последно време.
Pрекумерната употреба на сила неможе да се оправдаат и истите треба да се избегнуваат. Не вознемирува фактот што Владата со нејзиниот проект и со своите акти го ризикува животот на невините граѓани.
ИВЗ како верска институција никогаш не се противела на градење на верски објекти без разлика на која вера и припаѓаат, но кога врз темелите на еден верски објект се ризикува да се пролее крв на невините,  тогаш се губи повеќедимензионалното значење на верските објекти.
Исламот подучува дека верските објекти треба да се разберат како места каде што се формираат чисти човечки личности, поради тоа што тие се основен столб кој го усмерува човекот кон совршенство на душата.
Но ова мултидимензионално значење на верските објекти неможе да се согледа и со изградбата на црквата на Скопското Кале. Насилството кое беше употребено на Калето треба да биде последно средство на Владата на Македонија со кој ќе и рече СТОП на националистичката реторика која предизвикува меѓуверски и меѓунационален конфликт, toa насилството, не само што повреди неколку лица, туку може да го повреди до смрт ткивото кое ja поврзува историјата на двата народа во овие простори.
Како резултат на toa насилие беше и намерата да се запали Хамза Бег џамијата во Битола како и оштетувањето на системот за осветлување на муслиманските гробишта во Струга. Овој терор врз исламското население каде што тоа преставува малцинство ja вознемирува Исламската Верска Заедница и истата силно реагира против било каков насилен акт. Последица на ваквата состојба е политиката на Владата на Македонија, последниве години, koja ja промовира само православието како државна религија оставајќи го по страна Iсламот на кој му припаѓаат скоро половина од населението и заради тоа цело време Исламската Верска Заедница на ваквиот однос се спротиставува како институција која ги брани и развива верските чувства.
Насилството на Скопското Кале неможе поинаку да се оправда одколку еден продолжен ланец на дискриминација на Исламот од независноста на Македонија , поjдувајќи од поставувањето на крстовите на исламските саат кули, потоа со палењето и рушењето на џамиите во текот на конфликтот во 2001 година, узурпацијата на џамиите од страна на државата како што е Јени Џамија во Битола каде што државата на експресен начин во своите објавени акти ja преименува во црква Св. Ѓорѓија, продавањето на Хусамедин Паша Џамија во Штип на МПЦ, градењето на црквата Св. Климент врз остатоците на Имарет Џамија во Охрид, градење на Филхармонијата врз вакуфот Ибни Пајко, невраќањето на национализираниот вакуфски имот и после 10 години од донесувањето на Законот за Денационализација така да кулминираше игнорирањето со неовозможувањеto на ИВЗ да ja возобнови Бурмали Џамија.  Државата не застана тука, туку продолжи со својата институционална дискриминација објавувајќи го тендерот за изградба на Офiцерскиот Дом врз темелите на Бурмали Џамија.
Очекуваме Владата да има доволно разбирање и да го повлечи објавениот тендер за Официрскиот Дом како и тендерот “Идејно решение за ревитализација на Скопското Кале”,  кој бара да му се обрати посебно внимание samo на “православни сакрални канони при естетското обликување на објектот”.
Со повлекување на тендерите ќе se овозможи простор и за возобновување на Хаки Паша Џамија на Скопското Кале која што постоела 5 векови непрестано како и возобновување на турбето (маузолеј) на дервишкиот ред Накшибенди, како и на другите откриени објекти за време на археолошкото ископување. Само на ваков еден начин Скопското Кале ќе остане едно место кое ќе сведочи дека на овие простори во секое делче од историјата постоел духот на меѓусебен респект помеѓу верите и заедниците, општество за кое се залага и ИВЗ.
Ово нека биде првиот гест за добрата воља. Но покрај тоа да се пронајде едно решение која во својата суштина носи потребно разбирање кој ќе помогне во воспоставувањето на комуникацијата помеѓу сите граѓани без разлика на која вера или етничка група и припаѓаат.
Овој силен глас на Исламската Верска Заедница не треба да се злоупотреби ниту пак да се интерпретира како мешање на ИВЗ во дневната политика. Напротив ИВЗ има многу причини за изразување на својот протест наспроти МПЦ која молчи затоа што за нејзините интереси работи цела една влада, додека пак истата таа Влада на нас ни предизвикува безброј проблеми. Доволно е да го погледнете билансот за градба на верски објекти од страна на Владата. Резултатот е дискриминаторски: десетина цркви, ниту една џамија. Користењето на провокаторска реторика или пак толеранцијата на секој вид насилие му предизвикува едно големо зло на народот во Македонија.
Бараме од полицијата што побргу да go расветли случајот за намерата да се запали Хамза Бег џамијата во Битола, во спротивното, нивниот молк ќе го потврди сомнежот дека инцидентот е сценарио на органиte za внатрешни raboti
ИВЗ e едногласноста и водедно апелира за разум на сите e во овие тешки и деликатни моменти и силно ja нагласуваме потребата политичката структура  да пронајде и да ги стави во употреба сите законски механизми на демократијата за да излеземе од оваа проблематична и тешка состојба, за да обезбедиме мир и потребна стабилност за земјава и општеството со што ќе ги реализираme проектитe за нашата европска иднина.

Comments are closed.