[:mk]Демант на изјавата емитувана во вестите на Алфа Телевизија од ден 02.01.2019 год, во прилогот “Турците од с. Лисичани на протест, преку злоупотреба на џамијата сакаат да не албанизираат“[:]

[:mk]

ИСЛАМСКА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА ВО Р. М . МУФТИСТВО-КИЧЕВО

BASHKËSIA FETARE ISLAME NË R.M.—MUFTINIA KËRÇOVË

MC ISLAM DINI BIRLIGI –MÜFTÜLUK KRÇOVA

الاتحاد الاسلامي في جمهورية مقدونيادارالءافتاء ﻛﻴﺗﺸﻔﻮﺍ

Предмет: бр 0301-01-

Демант на  изјавата емитувана во вестите на Алфа Телевизија од ден 02.01.2019 год, во  прилогот “Турците од с. Лисичани на протест, преку злоупотреба на џамијата сакаат да не албанизираат“

Од Исламската верска заедница во РМ- Муфтиство Кичево.

Исламската верска заедница во РМ, Муфтиството во Кичево остро ги демантира сите  изјави од горенаведениот прилог, снимени на ден 02-01-2019 година во с, Лисичани а се однесуваат на работењето на Исламската верска заедница во РМ – Муфтиството во Кичево како и на Џамискиот одбор .

Исламската верска заедница во РМ – Муфтиството во Кичево, според Уставот на Исламската верска заедница во РМ , член 9 точка 4, член 14 точка 1 , член 5 и член 49 како и Правилникот за именување на тела во исламската верска заедница, во Џамијата во с, Лисичани има Џамиски Одбор кој преставува помошно тело на ИВЗ избрано при крајот на 2015 година од страна на верниците во истото село и функционира сопред уставот и правилата на Уставот на ИВЗ.

Соговорниците снимени од екипата на Алфа Телевизија се старите членови на Џамискиот одбор кои се разрешени од ИВЗ по барање на населението при крајот на 2015 година а и ден денес не дале финансиски извештај според населението.

Што се однесува на изјавата на Рушит Миртоски дека е избран за председател на џамиски одбор ,тој  од ИВЗ е нелегитимен, а неговите изјави шират омраза и нетрпеливост за кои може кривично да се одговара пред законот на РМ. Во врска пак со таканаречениот имам  Седан Даутовски кој што изјави дека е избран за имам,ја информираме јавноста дека тој за ИВЗ е нелегитимен бидејќи не еизбран и поставен од страна на ИВЗ.

Во врска со изјавата дека преку Џамијата се албанизира неселението, тврдиме дека тоа е потполна дезинформација бидејќи тоа население е еднонационално и  еднојазично , а џамискиот одбор и верскиот службеник се од нивната средина. Следствено,ИВЗ не гледа таканаречен “инцидент“ во тоа население.

Што се однесува на изјавата дека да џамиските врати секогаш биле затворени, тврдиме дека  и тоа е дезинформација бидејќи џамиската врата е отворена од раната молитва(сабах) па се до крајот на последната молитва(јација) и  секој може кога и да посака во тоа време да ја посети и да влезе во Џамијата за било каква потреба .Затворената џамијска врата прикажана во прилогот на Алфа Телевизија  е споредна врата која се отвара само за одредени прилики во петочните денови и Бајрамските празнични денови.

Муфтиството на исламската верска заедница Кичево внимателно ги проследи изјавите на одредени луѓе во прилогот и ги квалификува како сосема невистинити . Според основата на изјавите сметаме дека тие луѓе треба да се обратат кај локалната самоуправа, а не во Џамијата и Џамискиот одбор. Доколку пак истите досега биле спречени да обавуваат било која молитва во Џамијата, треба да го наведат времето и од кого биле спречени за да ИВЗ превземе соодветни  мерки.

Што се однесува до посетата на Алфа Телевизија на Муфтиството на Исламската верска заедница Кичево и нејзините органи , ја подсетуваме  редакцијата на Алфа телевизија дека 02-01-2019 година беше неработен ден во целата земја па затоа и Муфтиството во тој ден не работеше, а кичевскиот муфтија случајно е затекнат на улица вршејќи свои приватни работи.

Исламска Верска Заедница во РМ

Муфтиство Кичево

М у ф т и ј а

___________________

Хаџ. Мурат еф Хусини

[:]

Comments are closed.